Користењето на солзавец забрането во Денвер

Од:

Окружниот суд во Денвер и забрани на полицијата да користи солзавец, гумени куршуми и друго несмртоносно оружје и средства против учесниците во граѓанските протести во главниот град на државата Колорадо.

Привремената забрана е донесена откако е поднесена тужба во Окружниот суд од страна на претставници на протестите кои се жалеа дека полицијата употребила прекумерна сила за време на граѓанските демонстрации предизвикани од смртта на Џорџ Флојд за време апсење во Минеаполис.

Според локалните медиуми, за време на протестот во Денвер, најмалку едно женско лице се здобило со тешка повреда на окото која и била нанесена од страна на полицаец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски