Конвој од автобуси и амбулантни возила влезе во Сирија од Либан заради евакуација

Од:

Конвој од десетици либански амбулантни возила и автобуси влезе во Сирија за да евакуира цивили и борци од опозицијата од пограничното село Забадани.

Евакуацијата е по претходен договор постигнат со посредство на ОН за прекин на огнот во два сириски региона и за повлекување на цивили и борци – шиити и сунити.

Од селото ќе бидат евакуирани 129 цивили и борци меѓу кои и ранети лица. Тие ќе бидат префрлени во Бејрут и оттаму во Турција. Од сириските села Фуа и Кфарија ќе бидат евакуирани 338 цивили и префрлени во Турција, односно во Либан.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија