Контроверзии: Кој го уби Бин Ладен

Од:

Во САД веќе со денови трае контроверзијата околу тоа кој од припадниците на американските морнарички фоки го испалил куршумот што го усмрти лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен.

Прво, уште минатиот месец, магазинот Есквајер објави опширно интервју со еден од членовите на оваа елитна воена единица, кој беше идентификуван само како “пукач”, во кое тој тврди дека лично го убил Бин Ладен.

Тој во разговорот за весникот раскажа дека бил сам кога се искачил на третиот кат од куќата во Аботабад, каде што се криел лидерот на Ал Каеда и веднаш го застрелал.

Меѓутоа, новинарарот аналитичар во областа за национална безбедност Питер Берген, изјави за ЦНН дека изјавата на овој командос потполна измислица.

Тој претходно ги интервјуирал членовите на “Тимот 6”, како што се викаше тимот кој влезе во скривалиштето на Бин Ладен и сите рекоа дека на последниот кат се качиле тројца. Меѓу нив биле лицето кое е означено како “пукач” и лицето наречено “извидувач”.

Токму “извидувачот” потрчал по скалите и го видел Бин Ладен како погледнува низ вратата на собата, по што припукал и сериозно го ранил. Другите двајца специјалци веднаш дотрчале и пукале во градите на лидерот на терористите додека лежел ранет на подот.

ЦНН наведува дека членовите на тимот кои учествуваа во акцијата се лути поради статијата што излезе и дека сега на сите им е дадена забрана да зборуваат за тоа.

Американската телевизија наведува дека “пукачот”, наводно е исфрлен од тимот, бидејќи низ баровите во градот Вирџинија Бич, одел и раскажувал за акцијата.

Бин Ладен е убиен на 1 мај 2011 година во Пакистан, во тајна операција што ја изврши американската армија.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски