Конте: Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба

Од:

Вонредната состојба во Италија, прогласена како одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, најверојатно ќе биде продолжена по 31 јули, изјави денеска премиерот Џузепе Конте.

Според ситуацијата во која земјата се наоѓа моментално, како што рече, „разумно е да продолжи вонредната состојба“, пренесува Би-Би-Си.

Тој истакна дека мерките се донесени за да се држи вирусот под контрола.

Вонредната состојба им дава можност на локалните власти да воведат процедури за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа може да вклучува забрани за движење и патување, затворање на јавни места и забрани за јавни собири.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски