Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше група од супер менаџери кои, како што е најавено, треба да проучат како да ја започнат реконструкцијата на државата во т.н. „Фаза 2“, што ќе се случи по завршувањето на вонредната состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
Виторио Колао, кој десет години е извршен директор на Водафон и е еден од најодговорните за растот на мултинационалната индустрија за мобилни телефони, е на чело на групата.
Групата супер-менаџери е составена од експерти од различни профили, дел се жени, а сите членови имаат успешна деловна и академска кариера во Италија и во странство.
Тоа е група од адвокати, економисти, психолози, статистичари и други професионалци од различни профили, чија задача е да проучат и да предложат иновативни модели за развој по вонредната ситуација, кои „го земаат предвид квалитетот на животот“, според премиерот Конте.
Во работната група е и реномираниот економист Енрико Џованини, долгогодишен главен статистичар во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). Како поранешен министер во италијанска влада, тој беше автор на таканаречената „reditto di inclusiоne“, која прерасна во „reditto di cittadinanza“ – минимална плата за оние кои немаат работа или кој било друг извор на приход.