Конте: ЕУ да им помогне на членките или ризикува пропаст

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени дека Европската унија ризикува да не успее како проект во кризава поради коронавирусот.

Тој во интервју за Би-Би-Си рече дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од коронавирусот.

Според него, ЕУ треба да се соочи со предизвикот, кој го карактеризира како „најголемиот тест по Втората светска војна“.

Италија и другите земји од ЕУ се обидуваат да ја убедат Унијата да издаде таканаречени „корона обврзници“, односно сите земји да прифатат распределување на отплата на долг.

„Ако не искористиме шанса да донесеме нов живот во европскиот проект, ризикот од колапс е реален“, рече тој. Италија е најтешко погодената европска земја од вирусот.

На Италија и била ишратена медицинска помош од Кина, Куба и Русија, а на прашањето дали руската помош е условена од Италија, можеби со поддршка од Рим за укинување на санкциите за Москва, Конте одговара дека ваквите инсинуации се длабоко навредливи за него.

„Тоа е навреда за италијанската Влада и исто така за Владимир Путин кој никогаш не помислил да го искористи тоа како предност“, рече Конте.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија