Конклавата за избор на нов папа најверојатно ќе почне во понеделник

Од:

Сите кардинали кои учествуваат во конклавата пристигнаа во Ватикан и се очекува вечерва, во 19 часот, да биде објавен датумот за почеток на изборот на новиот папа, а тоа, како што се очекува, би можело да се случи веќе во понеделник, на 11 март.

Овој датум е споменат уште на 28 февруари, денот кога поранешниот папа Бенедикт Шеснаесеттти со своја волја го напушти понтификатот.

Конклавата може да почне во понеделник за да не се наруши вообичаеното неделно бдеење, јавија италијанските медиуми.

Синоќа во Ватикан пристигна и последниот кардинал што се очекуваше Фам Мин ман (79) од Виетнам.

Од 151 кардинали кои дојдоа во Ватикан, за новиот папа ќе одлучуваат само 115.

Портпаролот на Ватикан Ломбарди објасни дека не треба да зачудува тоа што консултациите на кардиналите се оддолжиле бидејќи тие имаат шанса да  разговараат и разменуваат мислења за новиот папа, но и за сите други случувања во Римокатоличката црква во минатото и во иднината.

Кога во Сикстинската капела ќе почне конклавата, кардиналите тогаш само ќе гласаат, објасни Ломбарди.

Се очекува новиот поглавар на 1,2 милијарди католици во светот да се избере до 31 март кога Римокатоличката црква го одбележува Христовото воскреснување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска