Конфискуваниот имот на руските олигарси треба да се продаде, смета Мишел

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци и средствата од продажбата да се искористат за обнова на Украина.

– Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност, изјави Мишел за украински Интерфакс.

ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи запленетиот имот на олигарсите да се продаде за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина.

Сепак одредени познавачи на состојбите предупредија дека какви било законски чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што предизвикува загриженост.

– Запленувањето имот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес, рече Шарл Мишел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија