Конфискувани половина милијарди евра од организираниот криминал во Франција

Од:

Речиси половина милијарди евра се запленети од организираниот криминал во Франција во текот на 2014 година од страна на полицијата и жандармеријата, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оваа бројка според одговорните на силите на редот ја покажува „определбата на службите да ја засилат и развијат заплената на илегално стекнатите добра при практикувањето на криминални дела“.

Во Франција, овие добра стекнати на недозволен начин и запленети од државата се раководени од Агенцијата за раководење и покривање на запленетите добра и имоти, создадена во 2011 година. Таа може да одлучи дали истите ќе се продаваат на јавно наддавање, односно нивна прераспределба на силите на редот, откако запленетото добро е конфискувано дефинитвно со одлука на суд.

Во 2014 година беа запленети вкупну 458.183.530 евра од страна на силите на редот, во различна форма од банкарски сметки до згради, електронски материјал или луксузни автомобили. Од овие средства националната полиција заплени 325.658.724 евра, односно пораст од 27отсто во споредба со 2013.

Оваа активност е во најголем дел на судската полиција, која заплени скоро 63 отсто од овие средства. Од нив дури 83 отсто се средства кои доаѓаат од организиарниот криминал.

Жандармеријата од своја страна придонесесо заплена на добра во вредност од 132.524.806 евра, односно зголемување за 37 отсто во споредба со 2013.

Ова значајно зголемување на запленетите добра, не ги зеде во предвид последните заплени, како на два луксузни хотели со заедничка вредност од 102 милиони евра во Савоа – во француските Алпи.

Ефикасноста на француските служби се должи и на нивната нова организација и зголемениот број на агенти. Имено во секој регион има еден специјалзиран агент, кој се потпира во својата работа на една национална ќелија за криминални добра.

Запленетите добра се од различна природа. Во година биле запленети
згради во износ од 330 милиони евра, 7.000 се однесуваат на бројчани добра (пари и банкарски сметки), без да се заборави на луксузните автомобили, кои можат потоа да им служат на силите на редот, откако запленета станува дефинитвна.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата