Кон Вселената лансиран американскиот вселенски брод „Драгон“

Од:

Од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида синоќа кон Меѓународната вселенска станица е лансиран товарниот вселенски брод „Драгон“ на приватната компанија „Спејс Екс“.

Бродот бил лансиран во 21:25 минути по средноевропско време и се очекува да пристигне на Меѓународната вселенска станица во текот на утрешниот ден.

„Драгон“ на „станарите“ на Меѓународната вселенска станица им носи 2,5 тони храна, опрема и инструменти за научни експерименти.

Ова е трет од планираните 12 летови на „Драгон“ до Меѓународната вселенска станица, за што „Спејс Екс“ има договор со НАСА вреден 1,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ