Компјутерски вируси пронајдени во германска нуклеарка

Од:

Германската компанија RWE соопшти дека во нуклеарната електрана Гундрминген, со која управува, откриени се компјутерски вируси, но по се изгледа, тие не претставувале закана по работата на нуклеарката бидејќи таа не е поврзана со интернет.

Нуклеарната централа Гундрминген се наоѓа на околу 120 километри северозападно од Минхен, а меѓу вирусите пронајдени во компјутерскиот систем на нејзиното Б одделение биле и „W32 Ramnit“ за кражба на фајлови и „Conficker“ кој се шири по пат на преносни драјвови.

Според објаснувањето на компанијата, вирусите се внесени во 2008 година, заедно со софтверот за визуелизација на податоци, кој е поврзан со опремата за покренување цевки со нуклеарно гориво.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија