Комитетот за заштита на новинарите: Најголема цензура има во Еритреја

Од:

Малата африканската држава  Еритреја е поригорозна од Северна Кореја во ограничувањето на медиумите, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите (Committee for protect journalist).

Комитетот со седиште во Њујорк годишно објавува листа на десет држави со најголема цензура.

Покрај Еритреја и Северна Кореја на листата се и Саудиска Арабија, Етиопија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Кина, Мјанмар и Куба.

Важен фактор на класификацијата е ограничувањето на пристапот до интернет. Еритреја дозволува пристап до интернет преку телефон со модем, а во Северна Кореја интернет е достапен за малобројната елита. Еритреја е и на последното место во светот по користење на мобилни телефони – само пет проценти од граѓаните имаат мобилни телефони.

Во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите се истакнува дека во Кина 44 новинари се затворени. Тоа е најголем број на затворени новинари откако Комитетот почна да собира податоци пред 25 години.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време