Комитетот на Обединетите нации за правата на децата (ЦРЦ) до Ватикан испрати листа со непријатни прашања за злоставување на децата од страна на католичките свештеници.
Комитетот нa ОН побара „детални информации“ за сите случаи на сексуално злоставување на децата од страна на католичките свештеници, наведувајќи дека одговорот треба да биде доставен најдоцна до 1 ноември.
Тоа е првпат некоја меѓународна комисија јавно да го испитува Ватикан за скандалите со злоупотреба на децата кои многуму наштетија на угледот на Римокатоличката црква во голем број земји.
ЦРЦ, со седиште во Женева, нема никаква извршна моќ, но негативниот извештај би му наштетил на папата Франциско.
ЦРЦ го игнорираше предупредувањето на Ватикан дека би можел да се повлече од Конвенцијата за правата на децата ако биде вршен преголем притисок поради тој проблем.