Комитет на Европскиот парламент усвои измени во правилата за бегалци

Од:

Комитетот за човекови права на Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за измени во Даблинската регулатива за бегалци.

Доколку биде прифатен на ниво на ЕУ, предлогот ќе значи дека во иднина барателите на азил нема да бидат обврзани да го поднесат барањето во првата членка на Европската унија во која што ќе влезат.

Шведската либерална европратеничка Сесилија Викстром го изготви нацрт текстот кој беше поддржан со 43 гласа „за“ и 16 „против“ во Комитетот на Европскиот парламент.

За време на мигрантската криза во 2015 и 2016 година Даблинската регулатива влијаеше бегалците и мигрантите да избегнуваат да поднесат азил во првите членки на ЕУ како Грција или Италија, и да се обидуваат да стигнат до Германија или Шведска каде ќе го поднесат барањето.

Државите како Грција и Италија веќе нема да бидат автоматски сметани за одговорни за примените бегалци, за кои ќе се водат проверки за евентуални семејни врски во други држави членки на ЕУ и ќе се проверуваат нивните работни квалификации, по што ќе се прави обид да се распоредат во најсоодветната земја членка.

Доколку немаат никаква поврзаност со членките на ЕУ, барателите на азил ќе бидат распоредувани според однапред утврдена пропорција меѓу сите земји членки.

Предлогот на Викстром воедно предвидува на земјите членки на ЕУ кои ќе одбијат да примат барали на азил да им бидат ускратени средства од ЕУ фондовите. Оваа мерка е предвидена пред се за земји како Унгарија и Полска, кои одбиваат да учествуваат во програмата за распоредување на барателите на азил од Германија и Шведска во другите држави членки на ЕУ.

– Мојата цел беше да создадеме сосем нов систем, базиран врз принципот на солидарност, со едноставни правила како за барателите на азил така и за земјите членки, изјави Викстром.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска