Комисија на ФДА со тесно мнозинство го поддржа лекот Молунпиравир

Од:

Комисија од американски здравствени советници го поддржа со тесно мнозинство Молунпиравир, лек на Мерк за лекување Ковид-19, отворајќи го патот за регулаторите да ја одобрат првата таблета за лекување на Американците со коронавирус во домашни улсови.

Комисијата за храна и лекови (ФДА) гласаше во 13:10 дека придобивките од земањето на лекот ги надминуваат ризиците, вклучително и потенцијалната штета за фетус ако лекот се зема за време на бременоста.

Препораката е објавена по неколкучасовна дебата за умерените придобивки од овој лек и потенцијалните проблеми поврзани со неговата безбедност.

Експертите кои го поддржаа лекот нагласуваат дека не треба да го земаат бремени жени и ја повикаа ФДА да препорача дополнителни мерки на претпазливост пред да го препише лекот, што вклучува и тестирање за бременост.

Комисијата особено ја поддржа администрацијата на лекот кај возрасни со поблаги форми на Ковид 19, кои се изложени на зголемен ризик.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

ФДА одобри четврта доза на Фајзер или Модерна за постари од 50 години

А1он