Комисиja на американскиот Претставнички дом одобри нацрт-закон за построги санкции кон Иран

Од:

Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом, одобри нацрт-закон со уште построги санкции кон Иран, кои имаат за цел да го забават развивањето на спорната нуклеарна програма на Исламската република.

Текстот беше усвоен едногласно во комисијата и се очекува лесно да добие одобрение и од целиот Претставнички дом, веројатно во наредните седмици.

Мерката ќе го ограничи извозот на иранска нафта до половина милион барели дневно, како и пристапот на Техеран до странска валута. Се предвидува и зголемување на секторите од иранската економија, вклучени на црниот список0.

САД и други светски сили стравуваат дека Иран збогатува ураниум до нивоа, при кои би можело да биде искористен за нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата програма е наменета за мирни цели.

ОН, САД и ЕУ веќе применуваат санкции кон Иран поради неговата нуклерна програма.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји