Комеморација за првиот исчезнат глечер во Исланд

Од:

Со читање поезија, минута молк и политички говори за неопходноста од борбата против климатските промени, исландски функционери, активисти и други присутни се простија од некогашниот глечер Окјокул.

Станува збор за првиот исчезнат глечер во Исланд, кој тамошниот геолог Одур Сигурдсон уште пред 10 години го прогласи за мртов.

Сигурдсон вчера на комеморација, во присуство на медиумите, донесе и посмртница, додека деца поставија спомен плоча, посветена на глечерот, што сега само се вика „Ок“

На спомен плочата е испишана пораката за идните генерации: „Овој споменик е признание дека знаме што се случува и што треба да се направи. Само Вие ќе знаете дали тоа го направивме“.

Сигурдсон предупреди дека за 200 години од Исланд ќе исчезнат сите глечери.

Би можело да ве интересира

Исланд – најскапата држава во Европа

Ана Ололовска

Македонија против Исланд ќе го заверува пласманот на ЕП 2020

Брестовац со 16 ракометари ќе патува за Исланд

ВИДЕО: Туристи бегаат од голем ненадеен бран

Зошто е толку скапо на Исланд?

Ана Ололовска

Исланѓаните го слават Националниот ден на пивото

Ана Ололовска