Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

Од:

Во Аушвиц, Полска, се одржува комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор „Аушвиц-Биркенау“ на Денот на сеќавањето на жртвите на холокаустот.

Поради Ковид ограничувањата, само мала група гости присуствуваа на церемонијата посветена на пролетта 1942 година, кога започна масовното истребување на затворениците во Аушвиц.

Логорот е управуван од нацистичка Германија од мај 1940 година до јануари 1945 година, кога беше ослободен од советските трупи. Во него се убиени најмалку 1,3 милиони луѓе (според други проценки до 1,5 милиони), претежно Евреи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

А1он

Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Делегација на ОАЕ за прв пат ќе се приклучи на маршот на Холокаустот во Полска

А1он

Ван дер Белен: Неопходно е да се сочува споменот на жртвите на холокаустот

А1он