Комбинацијата на „Спутник V“ и оксфордската вакцина ќе штити од Ковид-19 две години

Од:

Комбинацијата на „Спутник 5“ и таканаречената оксфордска вакцина, што ја произведува компанијата „Астразенека“, ќе штити од коронавирусот две години, изјави Александар Гинзбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, на ТВ Русија 24.

Според него, овие две вакцини ќе обезбедат многу подобро формирање на мемориски клетки и ќе го зголемат имунитетот.

Овој месец, „Гамалеја“, Рускиот фонд за директни инвестиции, руската фармацевтска компанија „Р Фарм“ и фармацевтската компанија „Астра зенека“ потпишаа меморандум за соработка во развојот на вакцина против коронавирус.

Гинзсбург најави дека заедничките клинички испитувања на вакцината против коронавирус нема да бараат многу време и големи инвестиции, бидејќи вакцините се слични.

Извршниот директор на „Астра зенека“, Паскал Сорио, изјави дека комбинацијата од двете вакцини ќе овозможи програмата за вакцинација да биде флексибилна.

„Ова ќе биде единствена соработка во светот помеѓу двајцата производители на вакцини и се надевам дека ова ќе ни обезбеди најдобра заштита“, рече Сорио.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он