Командатот на тајландските „Фоки“ предупредува дека времето за спасување на децата е ограничено

Од:

Командантот на тајландските морнарички „Фоки“ кои работат на спасувањето на децата заглавени во поплавената пештера во северниот дел на земјата, денеска истакна дека останала „ограничена количина време“ за извлекување на децата.

– Прво мислевме дека децата можеме долго да ги одржуваме во живот во пештерата, но сега се сменија многу работи. Имаме ограничена количина време, рече денеска командатот на „Фоките“ Арпакорн Јуконгкаев на прес-конференција.

Командатот на нуркачкире сили не изнесе повеќе детали за спасувањето на 12-те деца на вораст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер од пештерата во која влегле после тренинг на 23 јуни.

Јуконгкавев ова го изјави неколку часа откако поранешен припадник на „Фоките“, кој работел на спасувањето, ја загубил свеста додека нуркал и подоцна починал.

Високиот командант на тајландската армија Чалогчаи Чајакам рече дека сега е најитно на децата да им се достават боци со кислород.

Ситуацијата со децата заглавени во пештерата на Тајланд беше влошена синоќа кога спасувачи волонтери, наместо да испумпаат, впумпале дополнителна количина вода во пештерата.

Децата моментално се наоѓаат на околу четири километри од влезот на пештерата, на еден каллив дел над површината на водата.

Проблем се уште предизвикуваат комуникациите, додека спасувачите разгледуваат кои опции ги имаат за извлекување на децата пред сезоната на монсуни, која официјално почнува утре.

Властите засега не успеаја да воспостават телефонска линија, а патот од децата до површината трае малку повеќе од шест часа.

Според последните информации, децата и тренерот се изнемоштени, со помали повреди, но во стабилна состојба и целосно здрави.

Утре се очекуваат обилни врнежи дожд што ќе предизвикаат поголем дел од пештерата да стане многу тежок или речиси непрооден. Одредени експерти за пештери изјавиле дека најбезбедна опција би била на децата и тренерот да им се обезбедат доволно залихи и во пештерата да го почекаат крајот на сезоната на монсуни која трае до октомври.

Властите истражуваат и други опции кои вклучуваат претрага на пештерата и барање други начини за побрзо испумпување на водата.

Ју-Ес- Еј Тудеј наведува дека идеална ситуација би била нивото на водата да се спушти до висина на половините на децата за да можат одејќи да излезат од пештерата носејќи појаси за спасување наместо нуркачите да ги извлекуваат низ длабоката вода што би било исклучително опасен потфат.

Проблемот е во тоа што повеќето од децата незнаат да пливаат, како и фактот дека некои делови од пештерата целосно се поплавени.

– Побарав 13 комплети за нуркање во случај да мораме да ги извлекуваме во овие услови и кога не сме сто проценти подготвени, рече командирот на акцијата за спасување Наронгсак Останакорн.

Иако спасувачите полека ги учат децата на основните техники за нуркање, експертите се загрижени дека спасувањето низ матни и темни води ќе биде исклучително опасно.

– Никој никого нема да научи се за нуркање во пештера, но се обидуваме да ги запознаеме со маските затоа што дишењето во нив е сосема поинакво, изјави инструкторот за нуркање Клауз Расмунсен кој им помага на тајландските морнарички фоки.

Милијардерот и претрпиемач Илон Маск на Твитер напиша дека сака да им помогне на децата заглавени во пештарата на Тајланд. Еден корисник на Твитер го праша Маск дали би сакал да ја понуди својата помош за спасувањата на децата на што Маск изрази верување дека Владата на Тајланд „држи се под контрола“, но додаде дека би бил среќен да помогне доколку постои начин да го направи тоа.

Онлајн изданието на „Форчен“ наведе дека засега не е јасно како Маск би можел да помогне но потсетува дека постои опција за пробивање на пештерата од површината и спасување на децата на тој начин.

Маск, меѓу другото, е сопственик и на фирмата „Боринг Компанија“ која се занимава и со пробивање тунели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач