Командантот на руската Црноморска флота се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен

Од:

Командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен во украинскиот напад на Севастопол, на видео од состанокот одржан во руското Министерство за одбрана.

На видеото и фотографиите кои ги објави руското Министерство за одбрана може да се види дека Соколов присуствува на седницата со која претседава ресорниот министер Сергеј Шојгу, пренесува Ројтерс.

Снимката беше прикажана на руската државна телевизија.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, вчера на својот профил на платформата Х објави дека Соколов бил убиен во минатонеделниот украински напад врз Севастопол, заедно со уште 34 руски офицери.

Соколов има чин адмирал и доколку се потврди веста за неговата смрт, тој ќе биде највисокиот руски офицер убиен од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Тој е командант на Црноморската флота од август 2022 година, а чинот адмирал го доби во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната