Командант на некогашен романски работен логор обвинет за смртта на 103 лица

Од:

Романскиот Институт за истражувања на злосторствата од комунистичкиот период побара од јавниот обвинител на Романија да покрене постапка против Јон Фициор, командант на работниот логор „Перипарва“, наведувајќи дека тој е одговорен за смртта на 103 лица.

Фициор, кој сега е на возраст од 85 години, бил командант на работниот логор „Периправа“ во периодот од 1958 до 1963 година.

Тој во едно интервју изјави дека во периодот на неговото командување со работниот логор починале „само три или четири лица“.

Првиот човек на Институтот, Андреј Мурару, го обвини Фициор дека е одговорен за смртни случаи предизвикани од неухранетост, претепувања, недостиг на лекови и пиење вода од Дунав, што предизвикувало дизентерија.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“