Командант на Хезболах е убиен во израелски напад во јужен Либан

Од:

Високиот командант на либанската вооружена група Хезболах, Абу Али Насер е убиен денеска во израелски напад во близина на градот Тир на југот на Либан.

Али Насер е одговорен за некои од операциите на Хезболах долж границата, каде што групата разменува оган со израелската армија од октомври, изјавија два извори за Ројтерс.

Тие рекоа дека Али Насер е од ист ранг и важност за групата како Талеб Абдала, кој беше убиен во израелски напад во јуни и беше највисокиот командант на Хезболах убиен од израелската војска во изминатите осум месеци.

Како одмазда за убиството на Абдулах, Хезболах лансираше најголем број беспилотни летала и ракети.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израелската армија утре се повлекува од Либан