Командант на британските сили: Глобалната неизвесност поради коронавирусот создава ризик од нова светска војна

Од:

Актуелната глобална неизвесност и вознемиреност предизвикана од економската криза како резултат на пандемијата на коронавирус може да го зголеми ризикот од нова светска војна, предупредува командант на британските вооружени сили.

Во интервју објавено по повод Денот на сеќавањето, годишното одбележување во чест на убиените и ранетите британски војници, командантот на британските одбранбени сили Ник Картер изјави дека зголемувањето на регионалните тензии и погрешни проценки може да доведат до широк конфликт.

„Мислам дека живееме во време кога светот е многу неизвесно и вознемирено место, а се разбира, динамиката на глобалната раса е одлика на нашите животи. Мислам дека со значителниот број на регионални конфликти што се водат во моментов, постои реален ризик од ескалација што може да доведе до погрешни проценки“, изјави Картер за „Скај њуз“.

На прашањето дали смета дека постои реална закана од нова светска војна, Картер одговори: „Она што го велам е дека постои ризик и треба да бидеме свесни за тоа“.

Картер, кој ја предводи британската војска од 2018 година, вели дека е важно да се паметат оние кои загинале во претходните војни како предупредување за оние кои може да ги повторат грешките од минатото.

„Ако ги заборавите ужасите од војната, тогаш постои голем ризик луѓето да мислат дека војната е разумна работа“, додаде тој.

„Мора да запомниме дека историјата можеби не се повторува, но дека има ритам и дека гледајќи наназад во минатиот век пред двете светски војни, несомнено се случила ескалација што довела до погрешни проценки кои на крајот довеле до војна од такви размери, а каква се надевам дека никогаш повеќе нема да видиме“.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски