Колумбискиот претседател овогодишен добитник на Нобеловата награда за мир

Од:

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир, соопшти Норвешкиот нобелов комитет, кој го доделува ова престижно одликување.

Наградата на Сантос му се доделува поради „неговите непоколебливи напори за прекин на 50-годишната граѓанска војна во Колумбија“, нагласи Комитетот.

Сантос одигра водечка улога во склучувањето на мировниот договор со бунтовниците од Колумиските револуционери вооружени сили (ФАРК). Со договорот се стави крај на војната меѓу колумбиските власти и бунтовниците.

Церемонијата на потпишување на документот се одржа на 26 септември во колумбискиот град Картагена.

На 2 октомври Колумбијците гласаа на референдум за тоа дали го прифаќаат или отфрлаат мировниот договор. Притоа договорот беше отфрлен со мала разлика.

– Претседателот Сантос ги почна преговорите кои завршија со мировен договор меѓу колумбиската влада и ФАРК и постојано се стремеше да го придвижува напред мировниот процес, се вели во аргументацијата на Нобеловиот комитет.

– Фактот дека мнозинство на референдумот рекоа „не“, не значи дека мировниот процес е мртов, додава Нобеловиот комитет.

– Наградата е за колумбискиот народ, кој придонесе за мировниот процес и за оние безбројни жртви од граѓанската војна во Колумбија, нагласува Комитетот.

Нобеловата нагрљада за мир е во вредност од 930.000 долари. Церемонијата на врачување ќе биде во Осло на 10 декември.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски