Колумбискиот наркоклан Усуга подготвен да им се предаде на властите

Од:

Една од најмоќните банди во Колумбија, кланот Усуга соопшти дека сака да и се предаде на правдата и за тоа веќе контактирал со Владата.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја потврди таквата информација и соопшти дека ги овластил правосудните власти во земјата да го разгледаат и да го испитаат таквиот предлог на Кланот.

Над 1.500 припадници на оваа криминална организација се уапсени во изминатите неколку месеци, додека заменик команданот на кланот бил убиен во пресметката со безбедносните сили.

Шефот на кланот, познат во колумбиската јавност како Отониел, му порачал на претседателот Сантос дека е подготвен да се предаде.

Во своето соопштение, претседателот им порачал на членовите на кланот дека за нив нема да има никаков специјален третман.

Кланот е познат пред се по шверцот на дрога, но неговите членови се обвинуваат и за убиства, за изнудување, илегално вадење руда и за исчезнување на сите кои им се спротивставуваат.

Соопштението дека колумбиските власти може да се спогодат за расформирањето на еден од мокните колумбиски наркокланови, доаѓа по успено завршеното целосно разоружување на герилците од организацијата ФАРК, како и по договорот со марксистичките бунтовници од групата ЕЛН за 3,5 месечно примирје.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски