Колумбиската војска доби овластување да ги бомбардира дисидентите од колумбиските револуционерни вооружени сили (ФАРК), кои одбија да го почитуваат мировниот договор потпишан помеѓу бунтовничката организација и владата пред речиси една година.
Околу 7.000 членови на ФАРК го предадоа оружјето согласно договорот постигнат на преговорите во Куба, кои траеа од 2012 – 2016 година. Но, меѓу 700 и 1.000 бунтовници одбија да се приклучат на мировниот процес и остануваат вооружени во десетици населени места во Колумбија.
ФАРК веќе ги исклучи тие дисиденти од своите редови уште пред потпишувањето на мировниот договор на 24 ноември 2016 година. Колумбиското Министерство за одбрана смета дека овие дисиденти се дел од мрежите за шверц на дрога, кои веќе беа бомбардирани од националната армија.