Колумбија го отфрли договорот за запирање на конфликтот со ФАРК: Што сега?

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Слаба победа за опозицијата на колумбиската Влада за договор со бунтовниците од ФАРК ја одведе земјата во хаос, а еден новинар беше предизвикан да напише: „Никој не знае што навистина ќе се случи утре“.

Инспирирани од референдумот за Брегзит во Велика Британија, неуспешното гласање ја остави колумбиската владејачка класа да се тетерави и е несигурна како да одговори со цел да ги спаси четирите години тешки преговори со марксистичката милиција.

Зошто го одбија?

Неколку недели пред гласањето, многу Колумбијци беа гневни од она што го гледаат како несоодветни казни за оние кои вршеа злосторства против својот народ. Се проценува дека биле убиени 220.000 луѓе во 52-годишниот конфликт, а раселени се оклу пет милиони луѓе.

Во зенитот на кампањата за вршење терор, вооружената група освојуваше територии, ги напаѓаше владините сили и вршеше киднапирања на високи официјални личности. Бунтовниците исто киднапираа авиони, направија милиони со нелегална трговија со кокаин и тераа деца да војуваат.

За повеќето од половината од тие што гласаа, злосторствата на ФАРК од минатото тешко ќе можат да ги заборават.

Има ли план Б?

Отфрлањето на планот ја остави администрацијата на претседателот Хуан Мануел Сантос во безизлезност и како што рече самиот претседател, „без план Б“.

Сега бунтовниците и колумбиската Влада, потпомогнати од меѓународни лидери, ќе треба повторно да седнат на преговарачка маса за да смислат мир кој ќе биде прифатлив за луѓето во Колумбија.

– Ги слушнав оние кои рекоа не и оние кои рекоа да, сите ние сакаме мир. Утре ќе ги собереме сите политички партии да ги продолжиме разговорите и да најдеме алтернативи за мирот. Не се предавам, ќе рродолжам да се борам за мирот, рече Сантос.

Што ќе се случува?

Воглавно е нејасно како ќе се оди натаму. Сантос рече дека прекинот на огнот ќе остане во сила и преговорите ќе продолжат во Хавана на Куба, додека Родриго Лондоно Ешевери, лидерот на ФАРК рече дека резултатите од референдумот нема да ги поколебаат поранешните бунтовници од патот кон мирот.

– Со денешните резултати, знаеме дека предизвикот за нас како политичко движење е уште поголем и бара од нас да останеме силни, да изградиме стабилен и одржлив мир, рече во неделата вечерта Лондоно, кој е уште познат и како Тимолеон „Тимошенко“ Хименез. – Кај ФАРК останува желбата за мир и ја потврдуваме нашата подготвеност нашето име да се користи само како контруктивно оржје кон иднината. За колумбискиот народ кој сонува за мир, тие можат да сметаат на нас. Мирот ќе надвладее, релжче тој.

Може ли да биде склучен нов договор?

– Земјата е поделена и иако договорот за мир претставува оригинален и многу возбудлив обид да се сметаат за одговорни оние кои извршиле ужасни злосторства, противниците на договорот го сведоа на преедноставно решение: тие бараат поранешните бунтовници да се најдат зад решетки. И покрај резултатите, патот кон мир ќе продолжи и двете страни ќе го следат, вели Вирџинија Бувие, висок советник за латиноамериканска програма при Институтот за мир на САД, за Си-Ен-Ен.

– Сантос… кој зборува како претседател на сите оние кои гласале, рече дека ќе ги прифати резултатите од референдумот, но дека ќе продолжи да ги убедува сите политички сектори да се вклучат во дијалогот и дека тој ќе продолжи во хавана. Обидувајќи се да спроведе нешто за кое половината од населението се противи е многу тешко, вели таа и додава дека денес во Колумбија има длабока поделеност и дека земјата е поларизирана.

– Сметам дека тоа дава шанса повторно да се седне на заедничка маса за да се открие што ќе функционира за целата нација. Им посакувам на преговарачите исклучителна мудрост во следната фаза, смета таа.

Нема сомнение. Гласот НЕ се гледа и како референдум за Сантос, кој ја загуби поддршката преку неговата согласност да седне заедно со бунтовниците.

Кампањата за НЕ ја водеше неговиот претходник, Алваро Урибе, кој повторно сака да биде претседател.

– Ова е огромен тежок удар за претседателот Сантос, изјави нивинарката Симоне Бруно за Си-Ен-Ен. – До пред неколку дена го гледавме како го потпишува овој значаен договор со лидерот на ФАРК и кој доби огромна поддршка од меѓународната заедница. Сега ќе мора да се врати назад. Тој рече дека нема да ја испушти шансата да преговара се до последниот ден од неговиот мандат. Сега сака да продолжи да преговара, но се разбира нештата се сменија и никој навистина не знае што ќе се случи утре, смета таа.

Како би изгледал нивиот договор?

Не постои веројатност дека раководството на ФАРК ќе ги предаде своите борци во затвор за да задоволи мало мнозинство кое го отфрли договорот. Членовите и поддржувачите на ФАРК веќе сметаат дека организацијата дала доволно отстапки во потрагата по мир.

Сантос свика состанок со највисокото раковдство заради неприфатениот договор во Богота за да се одлучи кои понатамошни чекори да се преземат. Едно е сигурно: никој веќе не сака враќање на конфликтот меѓу владините сили и одметнати групи бунтовници во џунглите во Колумбија.

Малку е познато што ќе следува, нејасно е дали процесот повторно брзо или бавно ќе се врати на колосек. Претседателот се уште го има мнозинството во Конгресот и тоа ќе остане во следните две години до крајот на неговиот манат, па иако резултатите од референдумот се политички штетни, тој се уште има силна поддршка во Конгресот.

Нема голема веројатност дека целиот договор ќе биде ревидиран, туку дека ќе се преговара само за иритантната клаузула со која поранешните бунтовници се надвор од затвор.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски