Меѓу бројните прашања кои ги отвори пандемијата на коронавирусот е и она за заразноста на лицата кои го прележуваат вирусот без симптоми, асимптоматските случаи. Новите податоци велат дека секој петти заразен нема да има симптоми и ќе го пренесе вириусот на значително помалку лица во однос на оние кои ги имаат симптомите.
Меѓутоа, истражувачите и натаму се поделени околу тоа дали асимптоматските инфекции делуваат како тивок покренувач на пандемијата.
„Проблемот е што треба да се направи разлика меѓу оние кои ги минуваат вирусот без симптоми и оне кои се во почетните денови од болеста па симптомите уште не им се развиени“ – вели Крутика Купали, истражувач на заразни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот Станфорд во Калифорнија.
Истражувањата на почетокот на пандемијата покажуваа дека процентот на асимптоматските случаи би можел да биде до 81 посто, но анализата направена минатиот месец која опфати 13 студии направени на 21.708 луѓе покажува дека стапката на асимптоматски случаи е всушност само 17 проценти. Доказите велат дека најголемиот број луѓе развиваат симптоми меѓу седмиот и тринаесеттиот ден, објаснуваат од Универзитетот Бонд во Австралија.
Податоците од истражувањето исто така покажуваат дека веројатноста асимптоматските случаи да го пренесат вирусот е за 42 проценти помала во однос на случаите кои имаат симптоми. Меѓутоа, иако постои помал ризик, асимптоматските случаи и натаму претставуваа значаен ризик за јавното здравје затоа што веројатноста да бидат надвор, меѓу луѓе е голема вели Ендру Азман од Универзитетот Донс Хопкинс. Тој укажува дека значителен дел од заразувањето е последица на асимптоматски преноси.
Други истражувачи пак сметаат дека асимптоматските случаи не се тајни покренувачи на пандемијата затоа што обично не кашлаат, не киваат и не го оставаат вирусот на површините околу себе.