Колку има вистина во теориите на заговор?

Од:

Се уште нема вистински материјален и логички доказ што го урна малезискиот патнички авион над Украина на 17 јули 2014 година.

Авионот боинг 777 Малезија ерлајнс падна во близина на руската граница. Дури 280 патници и 15 членови на екипажот загинаа. Авионот летал на оддалеченост од 50 километри од рускиот воздушен простор од Амстердам за Куала Лумпур. Украинските власти и украинските Руси, кои се во граѓанска војна, меѓусебно се обвинуваа дека со ракети го урнале авионот.

Наместо стручен извештај за несреќата, светската јавност во меѓувреме се преполнува со шпекулации, со разни теории на заговори, со неверојатни толкувања за причина за падот на авионот и страдањата на патниците, во кои се повеќе се верува.

– Мојата лична верзија како новинар, врз основа на тоа што можев да го најдам на интернет, е дека постои тесна поврзаност меѓу урнатиот авион во Украина и авионот од истата компанија, кој во март 2014 година исчезна над Индискиот Океан. Всушност, авионот во Украина е тој кој исчезна во Азија. Него го киднапираа Американците и го држеа во воената база Диего Гарсија. Го наполниле со експлозив, трупови и автоматски пилот и го пратиле за Украина. Броевите на двата авиона од Малезија и пасошите на патниците се речиси идентични. Тоа ја потврдува мојата теза дека Американците планирале со уривање на авионот да ја обвинат Русија и да почнат Трета светска војна.

Оваа теза ја изнесе руски анонимен новинар на блогот Јурасунди и предизвика внимание од светската јавност. А потоа се појавија уште најмалку три теории на заговори за исчезнувањето и уривањето на малезискиот авион. На нив предупреди британскиот весник Дејли меил.

– Оваа трагедија од големи размери привлече и многу теоретичари на заговори и тие да придонесат за случајот со свој став. Прво руската агенција Интерфакс објави приказна дека лично американскиот претседател Барак Обама наредил пад на авионот, за да го загрози животот на рускиот претседател Владимир Путин. Наводно срушениот малезиски авион над Украина летал на иста рута како и Путиновиот и тоа со разлика од само 40 минути. Се појави и теорија дека главен виновник е династијата Ротшилд, бидејќи сакале да го убијат Путин поради БРИКС банката и падот на доларот, а удриле во погрешен авион.

Постојат сомнежи во се

– Тајни заговори не постојат. Сите заговори се познати. За да ја оствари целта заговорот мора да стане јавен, бидејќи на него му треба воена сила за да ги оствари своите цели. Политичарите за нив никогаш не зборуваат, иако задолжително ги користат при артикулирање на своите владејачки цели. Во рамки на функционирањето на заговорите постојат тајни состаноци во кои се расправаат целите. Меѓутоа, тајниот состанок не е знак на заговор, туку само еден од методите на комуникација – смета Мирослав Божиновиќ.

Теориите на заговори се се повеќе распространети и во последните децении доминираат во медиумскиот простор.

– Светот не е таков каков што го прикажуваат, туку сосема поинаков. А ние знаеме каков е – порачуваат тие кои ги создаваат и тие кои веруваат во теориите на заговор.

Прво теориите на заговор се дефинирани како обид да се објасни крајната причина на некој, најчесто општествен, политички или историски настан, како таен план на некое здружение на моќни лица. Авторот на терминот теории на заговор е познатитот британски филозоф Карл Попер. Тој го користел за означување на кое било политичко или криминално тврдење. Белградскиот психолог Зоран Миливојевиќ истакнува дека се поголемата популарнот на теориите на заговор во денешниот свет, зборува за општа недоверба во институциите и авторитетите.

– Живееме во време на сомнежи. Луѓето ја изгубија довербата во авторитетите. Не веруваат дури ни во науката. А кога ќе се покаже дека некои теории на заговор биле оправдани, се земаат како потврда сите други теории – објаснува Миливојевиќ.

Тие приказни често прераснуваат во неформално мислење или дури политички став. Застапниците на конспиративните теории тврдат дека творци на заговори против човештвото се тајните влади, тајните служби, моќните корпорации, меѓународните организации, тајните здруженија, претставници на одредени народи или религии или дури вознемјанска цивилизација. Ивоник Деноел, историчар, издавач и експерт по разузнавање, во книгата Таинствената историја на 20 век, објаснува како настанала американската теорија на заговор против Садам Хусеин и целиот свет:

– Двајца министри, под будно око на камерите, земаат збор пред Советот за безбедност на ОН на 14 февруари 2003 година. Нивното соочување ќе влезе во историјата, на една страница на САД, која ја застапува државниот секретар Колин Пауел, бара поддршка од ОН за покренување на втора војна против Ирфак, на друга Франција, која ја предводи министерот за надворешни работи Доминик де Вилпен, предност дава на мирно решавање на кризата.

Првиот инсистира на докази со факти за постоење на оружје за масовно уништување во Ирак. Вториот пак, помпезно го брани ставот на својата земја за древна цивилизација, пријател на Америка, но и застапниците за продолжување на процесот на истражување, кој е во тек во Ирак – вели Деноел.

Имено, искусниот француски тим направи најјасна можна синтеза на своите проценки, ја пренесе на дирекцијата ДГСЕ лично на директорот, а тој на претседателот на републиката и на премиерот на Владата на Франција, министерот за одбрана и министерот за надворешни работи. Тој извештај беше повеќе од недвосмислен, ја поништи американската аргументација и можеше да ги одврати тие кои заговараа војна со Ирак.
На големо чудење на сите Французи и нивните пријатели, Доминик де Вилпен овие сознанија на ДГСЕ не ги искористи на говорницата пред ОН. Проценето е дека не е мудро од говорница на ОН да се обвинат САД за лаги, што би оставило траен печат на лоши односи и подоцна ќе ги проблематизира односите меѓу Париз и Вашингтон.

Вашингтонски тајни

Некои теоретичари на заговори веруваат дека на чело на илуминатите, а со самото тоа и на водечките места на целиот свет се припадници на 13 семејства. Со нив со светот владејат и 300 семејства кои се организирани во Комитетот 300. Најчесто се наведуваат семејствата Медичи, Ротшилд, Брус, Кавендиш, Кенеди, Хабзбург, Круп, Плантагенет, Рокфелер, Синклер, Варбург и Виндзор.

Нефатени во лагата, САД покренаа војна против Ирак и го фатија и убија Садам Хусеин. Всушност, американските политичари, воените служби и агентури измислија заговор и пласираа теорија на заговор на Ирак против човештвото, за да ја оправдаат интервенцијата на САД на Блискиот исток, на државата ги одземаа нафтените извори и завладеаја со овој дел од светот. Впрочем, 44 отсто Американци денес се убедени дека администрацијата на Буш целно лажела со приказни за оружјето на Садам за масовно уништување, а уште 12 отсто испитаници сметаат дека е можно да се измамени. Слична теорија на заговор е смислена во Вашингтон во текот на 2014 година, кога САД се одлучија да ја обвинат Русија за кризата во Украина и да почнат студена војна против Москва, вовлекувајќи ги во неа и државите на ЕУ. На наводните докази за руската интервенција на територијата на Украина е создадена нова теорија на заговор, овој пат Русија против демократскиот свет. За тоа како функционира американската па и светската политика преку системот на заговори, политичкиот аналитичар Мирослав Божиновиќ од Детроит вели:

– Американската надворешна политика е јавен заговор дека САД доминираат со светот. Нејзините цели на доминација се познати на сите внатре во Стејт департментот и Белата куќа. Тој заговор јасно се артикулира со користење на комбинацијата на американските воени сили, економската моќ, сојузништвото со други држави, посебно со ЕУ и преку сите можни медиуми. Целта секогаш е иста, другите држави и народи да го прават она што им одговара на Американците. Американскиот заговор за доминација со светот е создаден во Комитетот за надворешни односи, но неговите теории и ппанови се пласираат во светот преку неформални и тајни канали на Трилатералната комисија и Билдерберг групата. Кога преку нив ќе се изврши влијание на странските држави, заговорот потоа се препушта на институциите. Институциите се регрутни места за идните владејачи на светот.

Во нив официјално функционираат мозоци кои имаат амбиции да станат владетели. Сите овие активности се координираат од Белата куќа, во која секои четири години се менува човек, претседателот на САД, кој го контролира спроведувањето на овие заговори и понекогаш мора да нареди на војската на САД да го извршат се она што ќе го одлучат тајните светски организации.

И културологот Зорица Томиќ е заговорник на тезата дека теориите на заговори се се повеќе отворени и ги откриваат скриените структури на моќта, а и претендираат современиот свет да го организираат согласно со своите наводно економски цели. Др. Томиќ како пример ја наведе серијата Тајни самити на глобално ориентираните луѓе од Г20, Билдерберг групата, Бил Гејтс и Џорџ Сорос, кои пред неколку години го разгледуваа проблемот со наводната пренаселеност на планетата и контрола на растот на населението.

Самити на богатите

Фактот дека макар и под плашт на наводна хуманитарна помош, една мала група на богаташи го разгледува проблемот со наводната пренаселеност во најмала рака делува застрашувачки. Бидејќи веста за состанокот сепак стигна до медиумите, учесниците сите заедно, посегнувајќи по еден вид на алиби, објаснија дека целта на самитот кој е одржан во Америка е всушност паметно и во хуманитарни цели да инвестираат дел од своето огромно богатство.

Др. Зорица Томиќ дава објаснување дека преку наводните грижи поради пренаселеност на планетата, се протнува идеолошко конструирање во кое темата е прочистување на светот од несакани идеологии, преку виталните народи, до инфериорните нации и отвора простор за непречено реновирање на една мека расистичка доктрина. Таа оваа теорија на заговор против човештвото ја спореди со идејата за напредок која ја спроведувал режимот на Хитлер.

Според нејзино мислење, спрегата на проектот на контролата на населението со помагање на сиромашните и гладните, делува истовремено привидно и цинично. Томиќ укажува на опасноста од употребата на терминот теории на заговори, посебно во неговото пејоративно значење, како еден од најлуцидните инструменти токму на тие институции или интересни групи, кои со фамилијаризирање на светот со овој поим треба да ги прикријат проектите кои им се основна цел. – Зарем терминот теорија на заговор и не е конструиран затоа секој да помисли дека на пример некој кој намерно произведува вируси и спроведува експериметни ин виво, дека никаков авион не удрил во зградата на Пентагон, или дека меѓународните судири всушност се само добро одиграни, што впрочем е елаборирано во филмот Кучиња на војната, бил едноставно прогласен за дилетант, аматер или незналица – се прашува Зорица Томиќ.

Така се покажува дека, наспроти декларативното залагање за начелата на демократијата, за принципите на либералното граѓанско општество, сувереност на државите и слободниот пазар, најголем ефект на неолибералната мантра на новиот светски поредок и нејзините спин доктори е во тоа што не убедија дека како индивидуи сме немоќни и дека нашиот глас, било на кого да го дадеме, всушност е безначаен.
Дали имаат мастерплан?
Дали верувата во теории на заговори?

Како главни виновници во многу теории на заговори се наведуваат илуминатите. Многу луѓе на социјалните мрежи веруваат дека сето ова е дел од долгогодишен мастерплан на кој целта е Трета светска војна и воспоставување на нов светски поредок.

Илуминатите биле тајна група на просветени, како што самите се нарекуваат. Др. Адам Вајсхаупт, поранешен језуит и професор по црковно право, на 1 мај 1776 година го основал редот на Илуминатите во рамки на постоечката масонска ложа на Германија со цел да ги собере моќните, кои ќе се спротивставуваат на државата и црквата, а да владејат со светот. Тие го замислија Новиот светски поредок, олицетворен во американскиот долар кој е насликан на зелена пара веднаш под масонска пирамида со око кое гледа се. Меѓу илуминатите денес коментаторот Дејвид Ајк во својата книга Најголемата тајна, ги вбројува и кралицата Елизабета, Хенри Кисинџер, Џорџ Буш, Бил и Хилари Клинтон.

Огромно влијание на Ротшилд

Како Ротшилдови изградиле империја
Семејството со еврејско потекло Ротшилд во 19 век било убедливо најбогато и најмоќно семејство на светот. Во време на индустриската револуција и процутот на колонијализмот, уште повеќе се збогатило и се повлекло од јавната сцена, со цел дискретно да владее со светот. Ротшилди денес се столб на економијата на САД, ЕУ, посебно во Велика Британија и Франција. Семејството го предводат барон Јакоб Ротшилд и наследникот Натан Ротшилд, кој е сопственик на многу меѓународни корпорации, меѓу другите и Бритиш Петролеум и Рио Тинто.

Во нашата земја, инаку, последните години деловно престојуваа Оливер Ротшилд и Натан Ротшилд. Познатиот корпоративен стратег и бизнисмен Оливер Ротшилд во Белградското деловно училиште минатата година одржа предавање за иновации во бизнисите. Тогаш истакна дека е заинтересиран да инвестира во Србија:

– Јас веќе инвестирам тука на тој начин што ги едуцирам студентите во Србија, се пошегува Оливер Ротшилд. При посетата на Белград пред пет години Натан Ротшилд пред српските и странските стопанственици рече дека неговото семејство е заинтересирано за инвестиции во рударските басени, енергетиката, прехранбената индустрија и медиумскиот пазар.

Б92 – Белград

 

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он