Милион луѓе во главниот град на Замбија, Лусака, чекаат вакцина од Светската здравствена организација (СЗО) против колера, во момент кога епидемијата таму добива широки размери.
СЗО соопшти дека вакцините се испорачани во таа сиромашна јужноафриканска држава.
Министерството за здравство на Замбија соопшти дека колерата, која од почетокот на октомври се шири во државата досега однела 63 животи од кои 58 во Лусака.