Која е вистината за случувањата во Најроби?

Од:

Војската во Најроби соопшти дека трговскиот центар е под нејзина контрола, дека речиси сите заложници се ослободени и дека се убиени двајца терористи, а повеќемина повредени.

-Речиси сите заложници се ослободени, убиени се двајца терористи, а повеќе се повредени, војската работи на откривање на уште милитанти -изјави министерот за внатрешни работи на Кенија, Џозеф Оле Ленку.

Се уште не е познат точниот број на напаѓачите кои речиси три дена го држат трговскиот центар под опсада, но воени извори за„ Си ен ен “, наведуваат дека според нивни сознанија во зградата има уште малку вооружени напаѓачи.

-Состојбата е под наша контрола, нашите луѓе потполно се безбедни. Во текот на изминатата ноќ ослободени се повеќе заложници. Не можам точно да кажам кога овој процес потполно ќе заврши, но правиме се за да заврши -изјави Ленку.

Според неговите зборови сите напаѓачи се мажи, иако некои биле облечени како жени, додека медиумите шпекулираат дека терористите доаѓаат од странство.

Што навистина се случува во трговскиот центар во Најроби?

Иван Маровиќ кој живее во Најроби од каде што со најнови информациисе јавува за „Б92“ на својот „Фејсбук“ профил напиша дека заврши 48 часовната драма во главниот град на Кенија.

Сомалистичката терористичка организација Ел Шабаб, која што ја презеде одговорноста за напад во трговскиот центар „Вестгејт“, во кој што загинаа повеќе од 60 лица и околу 200 се повредени, денес се закани дека ќе ги убие останатите заложници.

Припадниците на сомалиската екстремистичка група поврзана со терористичката организација Ал Каеда тврдат дека се во контакт со напаѓачите, кои што се во зградата и додава дека нивните луѓе се борат со кениски и израелски специјални сили.

„Русија денес“ пренесува дека вооружените терористи, во меѓувреме се распоредни покрај прозорците и ги држат на нишан сите оние кои што се надвор од окупираната зграда. Агенцијата исто така пренесува дека во трговскиот центар повторно се слушаат пукотница но и експлозии.

Кениската војска пак синоќа соопшти дека поголем број од заробените се ослободени и дека безбедносните сили презеле контрола над поголем дел од објектот.

„Асошиејтед прес“ наведува дека никој од заложниците не е осободен. Извор запознаен со операцијата за спасување за агенцијата рекол дека ниту еден заложник не е пуштен ниту спасен во текот на минатата ноќ. Уште еден показател дека киднапираните не се ослободени е тоа што никој не се појавил во Ошвал центар, кој се наоѓа во близина на трговскиот, кој што кенискиот Црвен крст го користи како центар за давање прва помош.

„Франс прес“ наведе дека утрово од зградата се слушнала 15-минутна пукотница, по што одекнале и силни детонации.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг му одобри на кенискиот потпретседател Вилијам Руто да отсуствува од судењето и да се врати во Кенија за да помогне во решавање на кризата по нападот. Руто е обвинет дека имал значајна улога во постизборното насилство од 2007 и 2008 година, во кое загинаа повеќе од 1.000 лица. Одбраната на кенискиот потпретседател денес побара да судот да му дозволи да се врати во државата за да помогне во решавање на прашањето за национална безбедност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“