Кој всушност го навредува Божјиот пророк Мухамед?

Од:

Ослобоѓење – Сараево

Обединетата муслиманска сиромаштија не дава да се навредува благословениот пророк и се претвори во надојдена човечка река, која тече по тесни улици, вика под небото, гази по цврстата земја, пали автомобили, крши излози, голорака се инаети на се на светот, секако при сето тоа верува дека тоа го прави на штета на моќниот Запад. Истовремено, верува дека тоа го прави во корист на исламот, дури на голема чест на исламот!

Прв дел: За сиромашните како медиум

Со голем немир го пишувам овој есеј, па и со болка, како и горка резигнација, можеби и затоа што се уште гледаме како сиримашните муслимани во Нигерија, Египет, Пакистан, Индонезија…, и во низа големи градови од Машрек до Магреб, понекаде и на Запад, настапува во одлучни ешалони и така го штитат Мухамед.

– Не го даваме пророкот Мухамед!, се слушаат извици на ожалостениот сиромашен свет. „Долу Западот“, „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“, итн., само се најфреквентните меѓу големиот број извици од цврстата земја во високото небо, додека пишаните транспаренти се многу малку или ги нема, што зборува за тоа кој дел и процент од неписмениот муслимански свет со срце и искрено демонстрира против навредите.

Не е тешко да се присетиме дека не беше поинаку ни пред неколку години, кога во полн ек беше аферата за срамните карикатури.

Сега се крева истата муслиманска сиромаштија, ја покренуваат од нејзините домови од кал и слама и за час ја обликуваат во стотици илјади демонстранти, се пробива таа низ чад, гази кордони на полиција, остава зад себе запалени западни амбасади, ранети или убиени дипломати, превртени автомобили и крвави улици со десетици мртви.

За жал, можеби и следната и годината по неа, кога ќе се лансира нова навреда со бескрајни навредливи зборови, велам: можеби повторно ќе гледаме ваков, во непрегледни толпи обединет, сиромашен сегмент на муслиманскиот свет, како е собран, како извикува зборови на осуда во десетици илјадници обединети грла!

Потсетувам уште еднаш: тешко ми е да пишувам за овој дел на сиромашниот муслимански свет, кога единствено го обединува отпорот на провокациите и навредите на исламот.

А малку нешта се уште има на белиот свет што може да ги поведе кон нешто заедничко во милионски сиромашни квартови на Каиро, Дамаск, Техеран, Лахоре, Дака, Џакарта… Секако, можеме да помислиме дека арапската пролет стави во устата на десетици милиони сиромашни муслимани некои други пароли и зборови, од кои надоаѓа најава на реална и кохезивна надеж во достоинствен живот, во слободно општество, во реални шанси за работа, итн. Но, допрва треба да се види дали муслиманската сиромаштија ќе успее во арапската пролет нешто да посее на полињата и нивите на своите идеали, ќе видиме дали по длабокото орање ќе бидат плодни жетвите. До тогаш треба да почекаме.

Секако, треба да се вратиме на менталитетот на оваа сиромаштија на муслиманскиот свет. Тој муслимански менталитет кај сиромаштијата добро го знаат и западните провокатгори, сниматели на филмови со навреди, лансерџии на срамни карикатури, итн.

Но, дека тој менталитет и тоа како е познат на тие во мнозинските муслимански земји, кои оваа сиромаштија ја изнесуваат на улиците поради сите овие тажни поводи кои таа сиромаштија и беда еве веќе со децении ја собираат и мобилизираат со едно толкување на исламот, која ја користат како моќен (но краткотраен) медиум, ја изведуваат на улиците, два или три дена се се тресе, се извикуваат искрени пароли против неверниците, се кажува се што треба да се каже во лице на моќниот Запад и домашните секуларисти.

А четвртиот ден, или петтиот ден, кога ќе се разотидат тие сиромашни илјадници гневни муслимани, подготвени да загинат за Нашиот пророк, тогаш тие сиромашни луѓе повторно се наоѓаат сами, во својата самотија, во таа иста тишина на својата беда, во реалноста во која мора да се вратат, бидејќи каде ќе одат ако не повторно тука?!

Тука во дното на безнадежта, се обидуваат себе да се најдат како поединци додека размислуваат како крајот на денешниот ден ќе го состават со крајот на утрешниот ден. Ако утре воопшто и дојде. Зборувам тука отворено за ова, секако бидејќи знам како и многу други дека има малку муслимански елити кои видливо демонстрираат против навредите, нема муслимански принцови и кралеви кои би застанеле во првите редови, па зад себе да го слушаат ехото на гневните сиромашни муслимани во краткотраен бунт против карикатурите или навредливите филмови.

Мал е процентот на членовите на парламентите на муслиманските земји или на министрите со вратоврски и добри „Бос“ костуми, кои се во првите редови на гневните демонстрации. Нема писатели, нема уметници, нема шеф со јавен став ниту негови сервисери, или ги има, но занемарливо и срамно малку.

Секако, на тие демонстрации на сиромаштијата во одбрана на Мухамед не се приклучуваат ни универзитетските професори.

И така сиромаштијата се ќе одработи за нив. Бидејќи, муслиманската сиромаштија денес е калиф на муслиманскиот свет. Од нејзиното грло се слушаат само општи пораки на исламот, иако бунтовен, негирачки!

Втор дел: Во одлучна пофалба на сиромаштијата како вредност

Претставата за Мухамед т.е. Сирачето, како што го нарекува Куранот на едно карактеристично место, денес, исто како и во текот на 20-от век, се шири по исламскиот свет на целосно некурански начин, за тоа се држат емотивни проповеди, на сиромашните муслимани им е мило да слушнат дека се сиромашни.

Велам: промовирањето на Мухамед кај архисиромашните се чини крајно некурански начин. Бидејќи Куранот во многу поглавја порачува дека божјиот пророк Мухамед ја надминал својата сиромаштија. Навистина, не постои ниту еден ред во Куранот кој сиромаштијата ја сврстува во основни доблести на Исламот или во муслиманските идеали.

Но, ако стотици луѓе одговорно размислат, па и илјадници книги за пофалбата на Мухамед како јетим, т.е. исто така како и сиромашните, од истот се гледа дека авторите на таа концепција не ја нудат верата како доблест, туку како гола идеологија, како помирување со куќите од кал покриени со слама.

– Што ако вие сте сиромашни! Па и Пророкот бил сиромашен!, тоа е скриена порака на овие книги.

Секако, оваа идеологија на промовирање на сиромаштијата во хоризонтот на обесправени милиони муслимани има своја скриена цел и треба да се поткрепи, а со што друго освен со самиот наводен животен пример на Мухамед.

Арапската пролет, според својот активизам често беше спротивниот пол на сите овие концепти на сиромашен Мухамед, прикажан како пиетист кој покорно се помирува со неправедната реалност околу себе, со богаташите на својот грб. Но, пред арапската пролет, а и по неа, во исламскиот свет јасно гледаме дека Мухамед одамна е препуштен на муслиманскиот сиромашен слој, токму тие да го бранат, тие да го толкуваат, да не даваат на него никој криво да погледне, па ни на моќниот Запад, на него па најмалку.

За возврат, Мухамед на таа сиромаштија е претставен како немоќен, како сиромав од дното, како незаштитена вредност изложена на најлоши ветришта. Добро е тука да ја наведам покојната професорка Анамарија Шимел, ја сретнав неколку пати, разговарав со неа и со професорот Сејдо Хусеин Наср за тоа дали би било добро денес да се иницира еден проект на општа, светска заштита на светото и светците од сите вери и религии, па да се разбуди свеста за тоа дека и светото има право на опстанок денес и на егзистенција во ранг на највисоките вредности.

Тогаш Анамарија Шимел ми раскажа, тоа беше во Каиро во 1997 година, дека таа во некоја прилика, на германската јавност убаво и објаснила зошто муслиманскиот сиромашен слој, па на муслиманите воопшто, е чувствителен кон навредите кои стигнуваат на адреса на муслиманите. Таа рекла нешто како: „На Бога можете да јуришате, муслиманите тоа ќе го истрпат, бидејќи Бог е Бог, Семоќен, може да се одбрани! Но, не го навредувајте Мухамед, не, никако, има многу муслимани кои истакнуваат дека тој бил сираче и сиромашните го разбираат! Сиромашните го бранат!“.

На овие зборови на Анамарија Шмел, еден учесник на нашиот разговор додаде: „Па, мора сиромаштијата, кога не сакаат муслиманските нафташки милијардери!“

Но, има и една друга агенда внатре во овој голем океан на сиромашниот слој во муслиманскиот свет.

Од овој огромен сиромашен слој се регрутираат храбри луѓе, исламски камикази, на нив повторно се нуди примерот на едно друго видување на Мухамед, на тој кој не се грижи ни за домот, ни за семејството, кој не знае за заедница, кој не знае за деца и внуци, ни за мир и спокој! Се нуди еден модел на Мухамед, кој е грубо лице, кој се ништи пред себе, кој водел освојувачки војни, кој според активноста се изедначува со терач на камили.

Одамна во Каиро, мислам дека тоа беше во 1983 година во една книжарница гледав мали, евтини книшки со пропагандна содржина, посветена на Божјиот пророк Мухамед. Во десетици брошури Мухамед или се величеше како вечен јетим и сиромав; и сиромаштијата на јавноста тука се нуди и се глорифицира како доблест, дури како величествена цел! Или се работеше за брошури со спротивни пораки, Мухамед е воин, Мухамед е во перманентен џихад, Мухамед не знаел за друго освен за мечот!!!

Накусо, во овие перцепции тој од јетим направил скок до муџахидот!

Овој вид на редукција на личноста, како и ваквото или слично толкување на исламот, однапред ги знае своите конзументи, однапред смета на видокругот на муслиманската сиромаштија.

И понатаму тој муслимански сиромашен слој искрено ќе го брани Мухамед. Но, токму на ова место, вреди да се постават макар две прашања:

А дали некогаш во 20 или 21 век имало муслимански книги, дали некогаш имало телевизиски дебати, дали некогаш имало вазови во кои би се зборувало дека токму ваквата бедна и страдалничка стомилионска муслиманска сиромаштија, самата според својата бедна егзистенција е еден од начините на навредите на Божјиот пророк?

Дали некогаш се зборувало и дека денешните астрономски јазови меѓу бедата и скапувањето на муслиманскиот сиромашен народ, од една, и муслиманските богаташи и магнати од друга страна, исто така е една страшна навреда за Мухамед?

Трет дел: Менталитетот на молчеливиот свет

Секако, сиромаштијата е беда, страдање, скапување, но и емоција. Не само кај муслиманите. А оваа емоција, како што видовме, често е вносен ресурс. Сиромаштијата на муслиманскиот свет зад плашт со мерка ја палат или гасат, како домашните манипулатори, така и навредувачите од Западот.

Сиромашниот муслимански свет денес е најемоционалниот дел од човештвото, но не секогаш, не секаде каде можеби со право тоа од него би го очекувале.

Имено, ако внимателно го анализираме менталитетот на реакциите на оваа муслиманска сиромаштија, ќе видиме дека нивните емоции одамна се селектирани, нивната муслиманска жал и повреденост е контролирана, нивниот бунт е испарцелизиран, нејзиното плачење престана да се појавува во единствен духовен тоналитет. Како што еднакво така се селектирани и политичките стремежи на муслиманскиот свет.

Пред малку потсетивме на контекстот од кој сиромаштијата го брани Божјиот пророк Мухамед.

Тие тоа така го прават веќе со децении. Нема да биде поинаку ни во иднина. Но, доказите дека зад громогласните емоции на муслиманската сиромаштија не стои секогаш и на секое место исламот. Како на муслимани не ни е драго да погледнеме во очи на многу факти.

А еве само некои, бидејќи немаме место да ги наведеме сите лоши примери од втората половина на 20 век, кои на муслиманскиот свет ни малку не му служат на чест, ниту тие настани тој свет ги препорачува за достоинствен живот во 21 век. Напротив.

Накусо, потсетувам на неколку отрезнувачки податоци:

Од 1980, па некаде до 1988 година траеше страшната т.н. Ирачко-иранска војна. Објективните податоци велат: На двете страни загинале вкупно милион луѓе, т.е. муслимани! Во врска со страшната ирачко-иранска војна, се сеќавам на едно болно интервју на Мирослав Крлежа од 1981 година, каде војната ја нарчее бесмислена, страшна и тажна. Исто така, се сеќавам на еден американски новинар кој во период од два месеца, имаше прилика да биде на место на фронтовите и крвавите судири и од едната иранската и од другата ирачка страна. Овој новинар вели дека војниците во рововите, во паузите меѓу страшните јуриши, жално го рецитирале Куранот, па потоа плачеле, па одново го слушале тој ист Божји глас од страниците на драгата Книга, иста е и за тие и за овие, сето тоа сред жестоките и закрвавени воени сцени на кои долго не им се гледаше никаков крај.

Но, тоа е констатација, дел од воениот извештај на еден репортер.

Клучно е тука да се постави следното прашање: Дали тогаш некој некогаш, во традиционалните исламски училишта, од Мека и Медина, до Багдад, Кома и Техеран, одлучно и гласно прашал – да не е можеби самиот ислам со таа ирачко-иранска војна, да не е понижен Куранот, понижен човекот, понижен неговиот образ?! Јас за таков собир не сум слушнал.

Ирачко-иранската војна беснееше со громогласни текбири (Алах е најголем!) и тоа од двете страни. Се менуваа офанзивите, западните (и источните) производители на оружје трлаа раце, војни имаше се повеќе и повеќе.

А другото вистинско прашање тука гласи: Каде беше тогаш оваа муслиманска сиромаштија која денес ја гледаме, па да се дигне против таа страшна војна? Дали тогаш видовме општи муслимански демонстрации од сиромашниот слој, од Мароко до Индонезија (велам од Мароко до Индонезија – со тие зборови ние муслиманите сакаме да го галиме исламскиот свет), значи дали тогаш видовме воопшто некакви општи уметски демонстрации со барања да се спречи таа воена катаклизма меѓу Ирак и Иран? Не видовме, секако.

Тогаш управителите на сиромашниот слој, тогаш сопствениците на овој слој се одлучија тие сиромашни муслимани да молчат, да останат во своите колиби од слама и керпич. Тука во таа внатрешна омраза, да се поделат на шии и суни, на шииска и суниска вистина. А во надворешната омраза на неподелени антизападњаци, бидејќи токму Западот им е виновен за се.

Тука треба да се постави и ново прашање:

Дали Ирачко-иранската војна, макар во некој свој аспект, беше директна, долготрајна и страшна навреда на Божјиот месија Мухамед?

Секако, да!

Дали некој отиде кај муслиманската сиромаштија и им кажа за таа навреда? Не, или и да било така, тоа го зборувал тивко. Се плашел од шиите, се плашел од суните. Се плашел од вахабистите, се плашел од Хезболах.

Понатаму, во Алжир некаде од 1993 година до денес трае, со послаб или посилен интензитет, страшен меѓумуслимански судир.

Умерените проценки велат дека загинале 200.000 луѓе се муслиман до муслиман, секако! Сите веруваат во Алах, секако! Сите го почитуваат Месијата, секако!

Но, вистинското прашање и тука мора да се постави: Дали на телевизија сме гледале сеопшти демонстрации на муслиманскиот свет, за да се спречи тоа бесмислено крвопролевање во Алжир? Не, секако не! Ни сиромаштијата од тој дел не се покрена. На неа муслиманските пропагандисти од наводно вистинскиот ислам, и така делеа приказни дека Алжир е полн со лажни муслимани, ибади, хариџи, шии, хундури, земхери…

Идеологијата на наводно вистинскиот ислам одамна се шири по исламскиот свет и остава пустош во бесмислени меѓумуслимански судири. Наводните вистински муслимани ги убиваат наводните лажни муслимани, летаат во воздух цели џамии, стари илјадници години, се рушат монументални турбети со исклучителна убавина и духовно зрачење, се разнесуваат во прашина мезарови и гробови на исламските великани!

Дали сето тоа господа мои, дали е сето тоа се заедно една ужасна навреда за Мухамед?

Секако дека е.

Треба да имаме храброст тоа да го признаеме. Тука треба храброст да се промовира сеопшто релаксирање на односите не само меѓу муслиманите и муслиманите, туку и меѓу муслиманите и христијаните, муслиманите и Западот.

Но, тажно е кога знаеме дека сиромашните слоеви од муслиманскиот свет ретко излегуваат на улиците и демонстрираат за муслимански мир.
На таа сиромаштија никогаш никој од одговорните не го објасни тоа, дека тие како сиромашни и постојат токму најмногу поради тие војни и дека се нивна директна последица.

Четврти дел: Тажна Сирија, до кога?

Одиме понатаму по бескрајната лента на ужасите на муслиманските војни: т.н. арапска пролет во Либија, Тунис, Египет, Јемен, Бахреин и Сирија до сега однесе десетици илјади животи.

Прашањето гласи: Дали видовме мирни (или немирни) демонстрации во Индонезија, Малезија, Пакистан, Иран… да се спречи ова страшно пролевање на крв? Секако, не видовме. Еве, Сирија трае и трае и трае… Нема општи муслимански демонстрации, пропагандистите од наводниот вистински ислам не одат во сиромашните квартови да повикаат милиони на улиците, со транспаренти: Да го спречиме колежот во Сирија!

А прашањето кое тука мора да се постави (ако сакаме да бидеме чесни) гласи: Дали загинатите луѓе во Сирија е навреда за нашиот Мухамед?

Секако, секако дека е!

Кој тоа денес е подготвен од моќните муслимани, од богатите муслимани, од тие нафтени магнати (кои вршат нужда, голема или мала, во златни тоалети и бањи), дали ги има денес да кажат – што навистина е навреда за пророкот на исламот, за Мухамед Алехиселам?

Сирија за жал ќе потрае. Долго ќе чекаме на семуслимански демонстрации од Машрик до Магреб, тој масакр да се спречи.

Но, многу брзо некои од милиони медиуми на Западот ќе навреди некоја од нашите исламски светости.

И нашата сиромаштија повторно ќе излезе на улиците, повторно се ќе се тресе, повторно ќе загине некој недолжен дипломат, како и илјадници демонстранти во искрени, исламски демонстрации.

Би можело да ве интересира

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Жарко Настоски

Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Ана Ололовска

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он

ВИДЕО: Во Чеченија отворена најголемата џамија во Европа

Ана Ололовска

Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”

Ана Ололовска