Кој се бил цел на руските хакери?

Од:

Танјуг – Белград

Руските хакери, кои биле активни во текот на претседателските избори во САД, бирале мети и надвор од предизборниот тим на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, меѓу кои се нашле и мејлови на украински официјални претставници, руски опозиционери, американски воени компании и илјадници други лица за кои интерес пројавувал Кремљ.

Листата на дигитални цели, која нуди досега најдетални форензички докази за поврзаност на хакерите и руската Влада, ја обелоденува операцијата која траела со години наназад во обид за пробивање на налозите на 4.700 корисници на Џимеј ширум светот, меѓу кои и претставникот на папата во Киев и панкт бендот „Пуси Рајот“ во Москва.

Од март 2015 до мај 2016 хакерите се обиделе да ги пробијат електронските пошти на дипломатските и безбедносните лидери на САД, меѓу кои и тогашниот државен секретар Џон Кери, поранешниот државен секретар Колин Пауел, тогашниот врховен командант на НАТО, Филип Бридлав и неговиот претходник Весли Кларк, покажува листата што ја изработила американската компанија за интернет безбедност „Секјурворкс“.

На листата се наоѓаат и вработени во компании, како што се „Боинг“ „Рејтеон“ и „Локид Мартин“ или високи разузнавачки претставници, истакнати експерти за Русија и пред се, американската Демократска партија, иако нивна цел биле и неколкумина републиканци, стои во анализата.

Од нападите на руските хакери не била поштедена ниту Украина каде тие се обиделе да упаднат во најмалку 545 мејлови, вклучително и во електронската пошта на претседателот Петро Порошенко, на неговиот син Алексеј, на повеќе сегашни и поранешни министри и на дури 20-тина сегашни и поранешни пратеници.

Во Русија, пак, хакерите се фокусирале на противниците на Владата и на десетици новинари, но и на нафтениот тајкун Михаил Ходорковски, кој стана непријател на Кремљ, на членката на „Пуси Рајот“, Марија Алехина, како и на над сто претставници на невладиниот сектор, меѓу кои и борецот против корупција Алексеј Навални и неговите соработници.

– Тоа е еден вид листа на желби со цел промовирање на руските интереси, оцени Кир Џајлс, директор на Истражувачкиот центар за студии за конфликти од Кембриџ, кој бил еден од петте надворешни експерти кои ја ревидирале листата на „Секјурворкс“.

Тој смета дека станува збор за листа на поединци кои Русија би сакала да ги шпионира, да им создаде проблеми, да ги дискредитира и да ги замолчи.

Податоците наведени во листата се базираат на анализа на 19 илјади линкови со вируси што ги прибрала фирмата „Секјурбркс“, на десетици лажни имејл адреси, како и на разговори со повеќе од илјада лица кои биле цели на хакерските напади.

Компанијата дошла до овие податоци откако хакерската група позната како „Фенси Бер“, која многумина ја обвинуваат дека претставува продолжена рака на руските разузнавачки служби и е твроба на Кремљ, случајно објави дел од своите операции на инернет.

Во извештајот се наведува дека анализите отркиле директни врски меѓу хакерите и протекувањето на податоци што ја загрозија американската претседателска трка во завршницата на кампањата, а пред се, приватните мејлови на шефот на предизборниот тим на Хилари Клинтон, Џон Подеста.

Листата го опфаќа периодот од март 2015 до мај 2016 година, при што, поголемиот број од идентификуваните цели претстојувале во САД, Украина, Русија, Грузија и Сирија, при што повеќето од нив немаат ништо заедничко, освен што се нашле „во радарот на интереси“ на Керемљ.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија