Новите откритија на асрофизичарите тврдат дека не ни е потребен Бог за да ги објасниме празнините околу создавањето на светот, туку физиката.
-Тоа значи дека Бог не постои, а настанувањето на универзумот може да се објасни без ничија интервенција при што од ништо настанало нешто, вели астрофизичарот Алекс Флипенко од Универзитетот за астрофизика во Калифорнија.
Ова беше темата на дебатирање на светската конференција: „Дали гоплемата експлозија се случи со божествената интервенција.”
Конференцијата привлече голем бroj научници, писатели на научна фантастика и многу љубопитни луѓе кои сакаа да разговараат за иднината на човештвото, за патувањата во вселената и многу други етички и филозофски прашања.
„Големата експлозија по која настанала вселената можела да се случи само како резултат на законите на физиката. Тоа значи дека со нив можете да создавате универзуми “, изјави на конференцијата Флипенко.
Истражувачите тврдат дека случајни флуктуации можат да создадат материја и енергија од ништо, така што и универзумот би можел да биде еден ваков производ.
„Квантните механички флуктуации можеле да ја создадат вселената. Ако во оваа соба го поништиме времето и просторот на вистинскиот начин, ние би можеле да создадеме сосема нов универзум. Не знаеме дали ќе можеме да влеземе во него, но сосема сме сигурни дека можеме да го содадеме“, изјави уште еден од учесниците на конференцијата, астрономот Сет Шостак.
На крајот на дебатата, учесниците заклучија дека идејата не е да се нападне теоријата за постоењето на Бог, туку само да се докаже дека универзумот може да се креира без негова помош.