Кои се кардиналите што учествуваат во Папската конклава

Од:

Меѓу кардиналите кои учествуваат на Папската конклава во Систинската капела има и такви кои се љубители на оружјето, кои управуваат со авиони, па и такви за кои абортусот е сосема во ред.

Меѓу „откачените“ кардинали се 71-годишниот Џорџ Пел од Австралија, кој е несуден фудбалер, 70-годишниот Италијанец Доменико Калкани, кој е познат како „кардинал Рамбо“ како и Словенецот Франц Роде, кој мораше да оди на тест за утврдување на татковство откако беше обвинет дека има син.

Особено интересен е кардиналот Исак Клемис од Тотункал во Индија, кој наместо традиционалната кардиналска капа на главата носи турбан. Овој 53-годишен духовник е поглавар на Сиро-Малкарската католичка црква, која има околу 430 илјади верници. Со своите 53-години тој воедно е и најмладиот католички кардинал во светот.

Кардиналот Жан Луис Кипријани Торне од Перу завршил машински факултет, по што еден период и работел како инженер, а во младоста и професионално играл кошарка. Овој 69-годишник бил толку добар кошаркар, што во 60-тите години на минатиот век настапувал и за кошаркарската репрезентација на Перу која во 1969 година била првак на Јужна Америка.

Луис Антонио Тагле (55) од Филипините е познат како љубител на социјалните мрежи и активен корисник на Твитер и Фејсбук. Тој важи за човек ориентиран кон модерните работи, но  во исто време се противи на воведувањето на здравствено образование во училиштата и употребата на кондоми во неговата земја.

Кардиналот Северино Полето од Италија во периодот од 1965 до 1980 година работел во една фабрика, па и сега во своите проповеди се залага за поголеми работнички права. Кога пред неколку години „Фиат“ најави масовни отпуштања 79- годишниот Полето во своите проповеди бараше од италијанската Влада да се вмеша и да ја спречи компанијата во ваквите намери.

Колумбискиот кардинал Рубен Салазар Гомез стана познат за пошироката јавност во 2012 година кога ги поддржа плановите на колумбиската Влада за легализација на абортусот во случаи кога е доведен во прашање животот на мајката, кога фетусот има деформации поради кој подоцнежниот живот му бил невозможен или кога бременоста е резултат на силување на жената. Но, набрзо по јавната поддршка на ваквите планови 70-годишниот Гомез беше повикан на „превоспитување“ во Ватикан, по што изјави дека абортусот е „одвратна работа, казниво дело и дека не е прифатливо во ниту една ситуација“.

Словенечкиот кардинал Франц Роде (78) минатата година мораше да оди на тест за утврдување на татковство, откако Германецот Петар Стелзер го обвини дека е негов татко. Роде ги негираше ваквите обвинувања и тврдеше дека станува збор за клевета, што и беше потврдено со тестовите за татковство.

Кардиналот Доминико Калкагано од Италија е познат по големата збирка на оружје, а своето хоби тој го нарекува „безопасна страст за собирање работи“. За оваа страст на 70-годишниот Калкагано се знае во цела Италија, па италијанските медиуми го нарекоа „кардинал Рамбо“.

Оскар Андрес Родригес Мардијаго од Хондурас, кој е претседател на хуманитарната организација Каритас, уште како дете бил вљубен во летањето и поседува дозвола за пилот.  Кога патува со авион сака да престојува во пилотската кабина и во својата колекција има околу 300 макети на авиони. Покрај ова тој свири на саксафон и клавир.

Австралиецот  Џорџ Пел во 50-тите години на минатиот век бил ѕвезда на австралискиот фудбал и бил пред потпишување на професионален договор со еден фудбалски клуб, но се предомислил во последниот миг и му се посветил на свештеничкиот живот. Овој 71-годишен кардинал и денес води сметка за својот изглед па често ги посетува фитнес центрите. Додека работел како професор по теологија во Нов Зеланд аматерски се занимавал и со пливање.

Чехот Доминик Дуки по завршувањето на средното образование работел како бравар до 1965 година кога се запишал на Теолошкиот факултет. Во 1972 година тој станал свештеник, но набрзо заработил 15 месеци затвор поради своите антивладини проповеди. По излегувањето во затвор неколку години работел во фабрика на „Шкода“, по што повторно добил дозвола да служи како свештеник.

Најстар кардинал на конклавата е Германецот Волтер Каспер. Тој 80 години наполни на 5 март, само неколку дена по повлекувањето на папата Бенедикт Шеснаесетти, со што за влакно успеа да обезбеди место во Конклавата во Систинската капела, бидејќи право на учество во изборот на ов понтиф имаат само кардиналите помлади од 80 години.

МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска