Кога сликата е посилна од 1000 зборови: Зеленски остана сам на самитот на НАТО?

Од:

Фотографијата од самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, на која претседателот на Украина, Володимир Зеленски, стои сам меѓу многуте достоинственици, предизвика многу коментари.

Таа ги натера луѓето да мислат дека малкумина го поздравија неговото присуство.

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да ја споделуваат фотографијата со различни коментари, како на пример оној дека американската делегација му е лута на Зеленски затоа што за НАТО кажа дека е „нестабилна алијанса“, и дека е тој осуден на пропаст како секој човек кој го користи сопствениот народ и земјата да ја придобие наклонетоста на своите господари од Америка.

„Секој моќен суд во Европа имаше забавувач наречен дворски шут, а тоа беше обично џуџе“, забележа еден корисник на Твитер и додаде дека од приложеното може да се види дека оваа традиција сè уште живее.

Посериозните коментатори на „фотографијата вредна илјада зборови“ се присетија на познатата изрека на Хенри Кисинџер дека е опасно да се биде непријател на Америка, а да се биде нејзин пријател е фатално. Зеленски, всушност, ги заборави тие зборови, ја уништи својата генерација и НАТО нема да дојде да ја спаси Украина, се дел од коменатарите.

„Зеленски беше измамен од Западот и НАТО, неговата земја беше уништена, а украинските млади луѓе загинаа на фронтот“, пишува во еден од твитовите.

Исто така, познавачите на ситуацијата забележале дека украинскиот лидер не научил ништо од историјата, дека е оружје во рацете на САД против Русија, но и дека деновите му се одбројани, како и дека требало да го прифати примирјето минатата година.

Британскиот политичар Џим Фергусон со одбрани фотографии инсинуираше дека Зеленски ќе биде „фрлен во вода“.

И дали Зеленски навистина остана изолиран среде самитот на кој се одлучува за влез на Украина во тој воен сојуз, иако на фотографијата се гледа и неговата сопруга Олена како ја поздравува сопругата на некој лидер?

Всушност, по тој повод брачниот пар Зеленски разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, а првиот човек на Украина ја прегрна и премиерката на Италија Џорџија Мелони и срдечно го поздрави претседателот на Литванија Гитанас Наузеда, кој од Самитот повика НАТО да ја прекине секоја соработка со Русија и да воспостави постојани воени бази во близина на нејзините граници, со што ќе испровоцира всушност глобален конфликт со Руската Федерација.

Засега е сосема извесно дека лидерите на НАТО не се заинтересирани за прекин на руско-украинскиот конфликт, бидејќи се подготвени да пружат уште поголема воена помош, додека Зеленски радосно ги трие рацете.

„Повеќе оружје за нашите воини, повеќе заштита на животот за цела Украина! Ќе донесеме нови важни одбранбени средства во Украина“, се пофали тој на Твитер.

Сепак, и покрај критиките на Зеленски кон Алијансата за нејзината „апсурдна“ неподготвеност да одреди краен рок за прием на неговата земја во пактот, гаранциите за идното членство на земјата разурната од војната остануваат нејасни додека се приближува крајот на самитот на НАТО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски