Кнајсел: Двојно државјанство за Австријците во случај на „тврд“ Брегзит

Од:

Министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсел смета дека во случај на „тврд“ Брегзит односно недоговорено излегување на Велика Британија од ЕУ, на Австријците во таа земја треба да им се овозможи двојно државјанство.

Кнајсел, на прес-конференција наведе дека во Велика Британија живеат околу 25.000 државјани на Австрија.

Со цел да овозможи двојно државјанство, Австрија, според неа, треба да се повлече делумно од Европската конвенција за одбегнување на двојното државјанство.

Како што констатираше, тоа веќе го сторија другите држави членки на ЕУ.

Сепак, додаде дека таков чекор не значи дека Австрија во иднина ќе ја отвори вратата за двојно државјанство.

Сумирајќи ги резултатите од австриското претседателство, Кнајсел рече дека е задоволна и дека ЕУ треба да почне да „гледа подалеку од својот нос“, односно посилно да размислува геополитички.

Би можело да ве интересира

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски