„Клозер“: Дали Жули Гаје е првата дама на Франција

Од:

Актерката Жули Гаје дали е новата прва дама на Франција е прашањето кое си го поставува таблоидниот неделник „Клозер“, кој објави репортажа во која глумицата е на патување во Рен, во службен државен автомобил придружувана од два функционери, од кои еден е припадник на службата за обезбедување, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според таблиодот Жули Гаје била во Рен каде присутвувала на снимањето на еден филм, чиј продуцент е таа. Неделникот доби потврда дека возилото со кое таа била во Рен е сопственост на државата.

Од опкружувањето на претседателот не беа направени коментари на оваа вест.

Во ноември, весникот објави украдени фотографии од Франсоа Оланд и Жули Гаје заедно во Елисејската палата. Овие фотографии, како и тие објавени во другиот таблид „Воаси“ предизвикаа сменување на дел од приватниот персонал на Елисејската палата, бидејќи внатрешната истрага потврдила дека станува збор за фотографии кои биле направени внатре од вработените во палататам од кои најголемиот број ббиле вработени во времето на Никола Саркози.

Франсоа Оланд се раздели од неговата претходна придружничка Валери Триервеиле по објавувањето на неговата врска со Жули Гаје, по што новинарката на Пари Мач, објави книга за нејизната врска со претседателот, кој стана најголем бестслер во Франција.

Изутринава министерот за финансии Мишел сапан, инаку тој важи за близок на Франсоа Оланд, запрашан за средствата кои државата и го стави на располагање на Жули Гаје за да је превезува и заштитува, тој тоа го оправда со фактот дека против глимуцата имало закани.

Во 2014 година името на Жули Гаје се најде на третото место на најпребарувани имиња на интернет, веднаш зад Ким Кардашијан и Робин Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата