Клод Геант обвинет за „криминално здружување“ за Либиско финансирање на кампањата на Никола Саркози

Од:

Поранешниот министер Клод Геант е обвинет за „злосторничко здружување“ од истражните судии одговорни за истрагата за можното либиско финансирање на претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година.

Националното финансиско обвинителство ја потврди оваа вест. Ова ново обвинение, против десната рака на поранешниот претседател по новото испрашување од истражните судии во средата, се очекуваше, бидејќи исто такво обвинение со истата квалификација доби и Никола Саркози во октомври.

На Никола Саркози во моментов му се суди во Париз во однос на друг предмет. Така тој стана прв поранешен француски претседател, на кого му се суди поради обвиненија за корупција и вршење илегално влијание врз судството. Никола Саркози, во овој предмет ризикува максимална казна затвор од десет години. Обвинението го товари 65-годишниот Никола Саркози, неговиот адвокат Тјери Херцог и поранешниот висок судски функционер Жилбер Азибер за корупција и нелегално вршење влијание врз судството, поради што ризикуваат десет години затвор и парична казна од еден милион евра.

Ако Никола Саркози на актуелново судење добие ослободување од обвиненијата, тој напролет ќе треба повторно да се соочи со уште две други судења, двете поврзани со финансирањето на неговите предизборни кампањи.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски