Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Од:

Рускиот сенатор Андреј Клишас изјави дека уништувањето на мостот во рускиот Брјански регион, поради што патнички воз излета од шините, при што загинаа седум лица, е резултат на украински „терористички“ напад.

Клишас, член на Советот на федерацијата на Русија, ја обвини Украина дека стои зад саботажата. Во објава на Телеграм, тој рече дека нападот на мостот и соборувањето на возот од шините покажале дека „Украина е контролирана од терористичка група“.

„Украина одамна ги изгуби карактеристиките на држава и се претвори во терористичка енклава, без граници, легитимни власти или закони“, додаде тој.

Клисас, исто така, повика на создавање тампон зона на украинската граница што би била „доволно голема за да ги спречи терористите да влезат на нашата територија во иднина“.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина