Клинтон: Одлуката за Палестина ќе создаде нови пречки на патот кон мир

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа изнесе критики на признавањето во Генералното собрание на Обединетите нации на Палестина како држава набљудувач нечленка, истакнувајќи дека таквата одлука ќе создаде дополнителни препреки на патот кон мир меѓу Палестинците и Израелците.

Клинтон усвоената резолуција за унапредување на статусот на Палестина во меѓународната организација ja оцени како „несреќна и контрапродуктивна“ одлука, јави Танјуг.

– САД јасно ставија до знаење дека единствено преку директни преговори меѓу страните може Палестинците и Израелците да постигнат мир, кој двете страни го заслужуваат. Две држави за два народи, одржлива независна Палестина која постои една покрај друга во мир и безбедност со еврејски и демократски Израел, истакна Клинтон во Вашингтон.

Палестинската резолуција за унапредување на статусот во ОН доби силна поддршка од ЕУ и арапските земји, а САД силно го критикуваа ова историско гласање.

Наспроти противењето на САД, ГС на ОН синоќа со големо мнозинство гласови од земијте членки го призна унапредувањето на статусот на Палестина во земја набљудувач нечленка.

Експертите оценуваат дека новиот статус на Палестинците ќе претставува притисок на Израел во новите преговори, но дека во реалност многу малку работи ќе промени.

Израелската окупација нема да исчезне преку ноќ, бидејќи единстевниот пат што води кон тоа е преговарачката маса. Еврејските населби, поради чија изградба Палестинците одбиваат да преговараат и понатаму ќе постојат, а нема знаци и за брзо обновување на преговорите.

Би можело да ве интересира

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија