Клинтон: Иран да не се залага да произведе нуклеарно оружје

Од:

САД ќе ја искористат својата сила за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје, изјави вчера во Ерусалим државниот секретар на САД Хилари Клинтон, по разговорите со високите израелски државни раководители, на кои било разгледано прашањето за иранската нукеларна програма.

Клинтон изјави дека САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз Иран, додека не ја каже вистината за својата програма за збогатување ураниум, пренесоа американските медиуми.

-Денеска, повеќе од кога било порано, Иран е подложен на голем притисок, изјави Клинтон. „Ние ќе ги искористиме сите елементи на американската сила за да го спречиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, подвлече таа.

Оваа отворена закана беше упатена во момент кога САД и Израел разгледуваат како најефикасно да пријдат кон иранската нуклеарна програма, забележуваат светските агенции. САД сакаат повеќе време за преговори и санкции, а Израел на неколку пати истакна дека е за воени дејствија.

Откако кажа за евентуалното употребување сила од страна на САД, Клинтон додаде дека секој преферира дипломатско решение и нагласи дека САД и Израел имаат слични погледи за прашањето на Иран.

-Иранските државни раководители се уште имаат шанса да донесат правилна одлука. На крајот, изборот е на Иран, рече Клинтон, но додаде дека досега иранските предлози не давале можност да се почнат преговори.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава