Кличко: Русија врши геноцид во Украина, кошмар е тоа што се случува

Од:

Русија врши „геноцид“ во Украина, предупреди градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Тој го кажа ова на видео конференцијата со официјални лица од Минхен, побарувајќи тие да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА.

– Русија ги инвестира секое евро, секој цент, во нејзината војска, им појасни Кличко на официјалните лица од Минхен, збратимен град на украинската престолнина.

Тој додаде дека „тие го уништуваат цивилното население. Тие ја уништуваат нашата земја“.

Според неговото објаснување, бомбите користени од Русите, убиваат сè во радиус од 500 метри. Па затоа, Кличко го опиша како напад, не врз војската, туку врз народот.

– Ние не можеме да ги изброеме труповите. Кошмар е тоа што се случува тука, истакна градоначалникот на Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск