Клер Ликардо, од Австралија поминала 12 дена во затвор во Тајланд, каде што го доживеа својот најголем кошмар, раскажува таа.
Ликардо била уапсена и поминала 12 дена во притвор, откако по својот неколку дневен одмор во Тајланд тргнала кон аеродромот. Таа имала нов пасош кога царинските службеници ја застанале во Бангкок и ја однеле в затвор, без да знае зошто. Во ќелијата имало околу 200 жени, раскажува таа.
Според неа, нечовечките услови во затворот биле на толку високо ниво, што таа во еден момент била, како што раскажува принудена да пие вода во која друга затвореничка претходно перела облека.
Како што изјави таа за тамошните медиуми, имала љубезна цимерка која секојдневно и давала пари за храна, доколку ја немало девојката таа не би преживеала. Поголемиот дел од времето, една калуѓерка, исто така од Австралија, уапсена без причина и една русинка, која девет месеци поминала во затворот и давале пари за храна.
Како што раскажа Клер, откако била пуштена од затворот, дознала и зошто всушност била затворена.
Нејзиниот пасошот бил украден во Тајланд, и додека чекала да пристигне новиот пасош таа го надминала својот престој што и бил овозможен со визата.
Откако ги пречекорила 111-те дозволени денови, таа добила уверување од амбасадата да не го напушта Тајланд и да биде трпелива додека не пристигне нејзиниот нов пасош, и дека нема да има никакви последици бидејќи имала оправдување.
Но, сепак таа била уапсена. Откако амбасадата интервенираше, заедно со моето семејство, бев ослободена од затвор со парична казна од 80 долари и авински билет за веднаш да се вратам дома, изјави таа.