Клеман Бон: Тоа што се случува во Украина е многу сериозно

Од:

Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон во интервју за радиото од јавниот сервис Франс Интер осврнувајќи се на кризата во Украина, изјави: „Научивме во оваа криза да бидеме крајно внимателни и скромни. Реалноста е дека не знаеме што ќе се случи“, јави дописникот на МИА.

На прашањето дали започна војната на границата, Клеман Бон одговори:

-Не можеме денес да видиме дека започна генерализираната инвазија на Украина, тоа не е реалноста на теренот, но она што се случува е веќе многу сериозно.

-Сите сценарија се можни, ниту, пак, треба, дури и ако ситуацијата е крајно сериозна, да предвидуваме некаква генерализирана европска војна. Главната работа е да се испрати иста порака до Русија, рече државниот секретар.

Владимир Путин има многу брутален говор во однос на Западот, така што не треба да се сомневаме каде се нашите сојузи и нашите интереси, додаде тој.

-Санкциите беа преземени за помалку од 24 часа и се моќни. Мислам дека најмоќни се финансиските санкции. Руската држава и руските банки повеќе нема да можат да се финансираат на европските пазари, објаснува Клеман Бон.

-Точно е дека ние сме зависни од Русија и Путин игра со гасот и енергијата. Како Западњаци и Европејци, ние мора да бидеме свесни за нашите сопствени сили. Русите се многу повеќе зависни од нас, оценува францускиот државен секретар.

Тоа што Германија вчера го суспендираше овластувањето за гасоводот Северен тек 2 кој ја поврзува со Русија, според Клеман Бон „Многу силен гест“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски