Клаус: Затворете им ги границите на имигрантите

Од:

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус смета дека актуелниот бран на бегалци претставува голема опасност и според него, европските земји треба да преземат мерки на граничните премини за нивно спречување.

– Европа треба јасно да каже „Не“ за бегалците кои доаѓаат и треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на границите, за да не можат тука да дојдат, рече Клаус.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, сегашниот пристап кон ситуацијата, познатиот евроскептик го смета за неверојатна неодговорност на актуелните политичари, како во Чешка, така и во Европа.

Во средината на јуни, чешката полиција, заради миграцијата на бегалците од Азија и Африка кон Европа ги интензивираше контролите и бројот на откриени мигранти континуирано расте.

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 мигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Меѓу приведените најчесто се државјани на Сирија, Ирак и Авганистан, кои во Чешка доаѓаат од Грција преку Унгарија и Австрија, а нивната најчеста цел е Германија.

Чешката Влада врз основа на претходен договор со земјите на ЕУ донесе одлука врз доброволна основа до крајот на 2017 година да прими 1.500 бегалци, најголем број од Италија и Грција.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница