Клаус: Отсуството на Чешка при предавањето на Нобеловата награда на ЕУ не вреди да се споменува

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета дека неучеството на висок чешки претставник на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир на ЕУ не е значајно и не вреди за тоа да се разговара, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ако тоа не го „раширија“ медиумите, во Осло тоа никој немаше да го забележи. Не сметам дека тоа е важна работа за која треба да се разговара, рече Клаус.

На денешната свеченост по повод преземањето на Нобеловата награда од претставници на Европската унија не присуствува претставник на Чешка.

Премиерот Петр Нечас своето отсуство го оправда со преоптовареност со обврски, а чешкиот претседател познат по своите евроскептички ставови доделувањето на Нобеловата награда за мир на ЕУ ја означи за „трагична грешка“. За него оваа награда има смисла ако му се додели на одреден човек, а не на бирократска институција.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица