Ќе нема избори во Тајланд пред мај 2016 година

Од:

Потпретседателот на преодната Влада на Тајланд, Висану Креа-нгам денеска изјави дека изборите во таа држава не ќе може да се организираат пред месец април 2016 година, иако воената хунта по државниот удар од мај годинава ветуваше дека избори и враќање на демократијата ќе има најдоцна до октомври 2015 година.

Изјавата доаѓа по најавата на сегашниот министер за финансии на Тајланд, кој рокот за можните избори го определи за јуни или јули 2016 година.

Според овие двајца влијателни членови на привремената влада на Тајланд, новиот Устав на државата не ќе може да се донесе во најавениот рок – до септември идната година. Сега првпат е најавен и референдум за новиот Устав, што значи подготовка и изведување на референдум што би траеле најмалку три месеци.

Одлагањето на рокот за враќање на цивилна управа во Тајланд во дипломатските кругови во САД, државите на ЕУ и Австралија се коментира како обид на армискиот врв подолго време да се оддржи на власт во земјата. Овие држави ја замрзнаа воената и економската соработка со Тајланд по државниот удар.

Претседателот на преодната влада, кој беше водач на државниот удар од 22 мај, генералот Прајут, кој е во посета на Малезија, денеска одби да ги коментира најавите на неговите најблиски соработници, а ги замоли новинарите уште еднаш да пренесат дека тој нема намера да биде запомнат како диктатор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач