Ќе ги испратиме сатанистите во пеколот – Кадиров му се заканува на Израел

Од:

Во објава на својот канал Телеграм, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

– Речиси целиот свет не сака да ги слуша гласовите на сиромашните палестински деца, жртви на израелската агресија. Сега тие се вртат кон мене со надеж дека ќе бидат слушнати. И што да им одговорам? Што да им кажеме? Потресно е да се види суровоста што тие детски очи се принудени да ја гледаат секој ден како резултат на израелското гранатирање. Тие не само што ја гледаат оваа суровост, туку и самите ја доживуваат – вели Кадиров.

Според него, неколку илјади невини луѓе станале жртви на страшниот ционистички чин на геноцид.

– Сега никој не може да ја каже точната бројка. Оние кои отсекогаш лицемерно се залагале за човекови права, воопшто не ги осудуваат постапките на Израел, туку напротив, му пружаат секаква можна помош на агресорот – рече тој.

– Но, што да им кажам на овие деца? Тоа НАТО, кое мисли дека е господар на светот, секогаш ја пролева крвта на луѓето ширум планетата при секој сигнал од САД? Дали таквите зборови ќе ги утешат децата исцрпени од недостаток на храна и вода и страдање под бомбите? Во својата суровост кон Палестина, израелскиот фашизам денес во никој случај не е инфериорен, ако не и супериорен во однос на Хитлеровиот – продолжи тој.

– Слава му е на Алах кој гледа се. Стотици илјади верници од Чеченската Република Му се молат во секојдневните молитви за брзо казнување на израелските криминалци. Милијарди луѓе од различни возрасти ширум светот го бараат истото. Аллах нема да ги остави овие молитви неодговорени, исто како и молитвите на муслиманите. Пресметката ќе биде сурова и строга, без сомнение! – изјави Кадиров.

Тој рече дека Чеченија „ќе им ја обезбеди сета можна помош на нашите браќа од Палестина“.

– Ние, пак, цврсто ќе им се спротивставиме на слугите на ѓаволот во пеколот Украина, принудувајќи го НАТО и другите земји да го трошат својот главен воен и економски потенцијал на војна со нас. Сите потчинети на овие сатанисти безмилосно ќе ги испратиме директно во пеколот. И нека ни помогне Семоќниот Аллах во нашата борба! – заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел